Минаа неполни три дена од првата вакцинација во Германија, а веќе се дискутира за тоа дали можните привилегии за вакцинираните лица се неправедни кон другите. Бесмислена дебата, смета Фабијан Шмит.
Реклама
Кампањата за вакцинација во Германија штотуку започна. И веќе се разгоре жива дискусија меѓу политичарите, економските експерти, новинарите и другите претставници на дрдоречката класа за наводно претстојно двокласно општество: Дали е оправдано и праведно да им се дозволи на вакцинираните луѓе да прават работи што мора да им ги забраниме на невакцинираните лица? И уште полошо: Дали ни се заканува принудна вакцинација од задната врата затоа што невакцинираните лица се исклучени од јавниот живот?
Најнапред - длабоко вдишете!
Можеме да се поштедиме од целата дебата барем до летото 2021 година, ако ја погледнеме актуелната реалност: Првата жена што е вакцинирана во Германија има 101 година. Таа е пример за тоа, кои се приоритетите во стратегијата за вакцинација.
Главната целе да се заштитат оние кои се особено загрозени од коронавирусот: старите и лицата со претходни болести.
Покрај тоа, германската влада утврди дека прво треба да се вакцинираат лица над 80-годишна возраст, заедно со лекарите и медицинските сестри кои се изложени на висок ризик од инфекција. Потоа, доаѓаат оние над 70 години и други групи со висок ризик. Како трети, на ред се лицата над 60 години, полицајците и другите групи на професии со зголемен ризик од инфекција.
Дури и ако сè оди според планираното, мнозинството помлади луѓе и онака нема да можат да вакцинираат пред летото 2021 година.
Ќе веат ли 90-годишниците знамиња на јужната трибина?
Уште сега да се дискутира дали вакцинираните би смееле да уживаат некакви посебни права, и дали тоа е можеби нефер кон другите, па дури и дали се извршува суптилен притисок врз скептиците за вакцининацијата, целосно нема допир со реалноста.
Нема да има многу луѓе над 70 години кои чувствуваат силна потреба да скокаат во калта на фестивалот за хеви-метал музика во Вакен, или да кампуваат во шатори на музичкиот фестивал Рок ам Ринг, да ја полнат јужната трибина во Бундеслигата или да се забавуваат по скијањето.
И бројот на наскоро вакцинирани постари и болни лица, кои веќе сега планираат патување со авион, тешко дека ќе биде доволен за да убеди некоја авиокомпанија да се врати во нормална работа.
Држење дистанца- креативно!
Многу експерти нагласуваат дека и по доаѓањето на вакцината најважните заштитни мерки против коронавирусот- маските и физичката дистанца- уште некое време ќе бидат секојдневие. Но, тие можат да се следат и покреативно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert
Љубов на далечината
Да се оствари пријатно познанство или да се флертува со убава девојка или убаво момче седејќи на клупа? Зошто да не! Само не заборавајте да држите дистанца. Оваа клупа укажува дури и колкава.
Фотографија: picture-alliance/ANP/B. Grösse
Мечиња на маса
Во моментов, во многу ресторани во Германија, на секоја втора маса има натпис „Ве молам, не седнувајте“. Сопственикот на ресторанот „Beef'n Beer“ во Хофхајм на Таунус го решил овој проблемот духовито: на секоја маса на која не треба да се седи ставил плишни мечиња.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert
Во друштво на кралицата
Ресторанот „Клостервирт“ во центарот на Минхен избра друга опција. Од 25 мај тука можете да вечерате со британската кралица и со други светски познати личности. Големи фотографии од нив „седат“ на масите кои треба да останат празни.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel
Максималната шапка на Максима
Шапката со широк обод ќе ви помогне да држите дистанца со стил. Каква што е, на пример, оваа шапка на кралицата на Холандија Максима. Иако е пожелно таа да биде уште поголема.
Фотографија: picture-alliance/Dutch Photo Press/P. van Katwijk
Разреден аудиториум
Драмскиот театар „Берлински Ансанбл“ во германската престолнина се подготвува повторно да ја пречека публиката. Но, сè уште не во целост. За идните настапи одлучија значително да ги „разредат“ редовите со места за гледачите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen
Во својот круг
За да не се преполнат одморалиштата во парковите и тревниците, властите во германскиот градХајделберг решија да исцртаат кругови на тревата со креда. Ем безбедно, ем сите спокојни.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Anspach
Куче со елизабетанска јака
И сопственикот носи маска, и кучето е заштитено со јака, која им е позната на многу љубители на кучиња и пред пандемијата на коронавирусот. Се нарекува ветеринарна или елизабетанска јака или конус. И сопственикот може да носи нешто слично (ако сака!).
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/A. Widak
Плисирани здолништа
Овие меки здолништа (добро, можеби малку потесни) се носеа во ерата на англиската кралица Елизабета I. Со нив, растојанието е загарантирано!
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Marchi
Држете го клунот на растојание
Ова е маска од познатиот карневал во Келн. Слични се носеле уште во Средниот век. Но, тогаш се верувало оти со нив се заштитувале од чума. Сега - од коронавирусот.
Фотографија: picture-alliance/Geisler-Fotopress
9 фотографии1 | 9
За такви специјални случаи, само навремен негативен тест на коронавирусот нуди сосема рационално решение. Како замена, туристичките агенции и авиокомпаниите тогаш би можеле да дозволат приложување на доказ за вакцинација, но тоа не може и нема да биде единствениот предуслов за учество во социјалниот живот.
Агенциите и авиопревозниците не можат да се откажат од муштериите
Дури и најавата на австралиската авиокомпанија „Квантас“ дека ќе им овозможи летање само на вакцинирани лица, не е економски одржлива на долг рок. За такво нешто, во догледно време едноставно нема доволно вакцини. И, впрочем не е во интерес на компаниите самите да ги исклучуваат клиентите - особено кога тие и онака се прилично претпазливи во ова време на пандемија.
А рестораните? Тие, пак, во никој случај не можат да си дозволат да ги одбијат клиентите кои немаат потврда за вакцинација. Тие дури и нема да инсистираат на актуелен негативен тест на коронавирусот затоа што тој чини повеќе од шницла и пиво заедно.
Германските туристички атракции во време на корона
Уште одамна низ дворецот Нојшванштајн не се поминува без река туристи. Посетителите се туркаат пред сите знаменитости. Но, во доба на корона, постои ретка прилика доживувањето да се има речиси само за себе.
Баварскиот крал Лудвиг Втори бил самотник и самотијата ја сакал и во своите дворци. Но, по неговата смрт во 1886 година, во неговите резиденции има се повеќе туристи. Најпознатата - дворецот Нојшванштајн, во една сезона го посетуваат и по 6.000 луѓе дневно. А сега ги има само околу илјада на ден.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Puchner
Катедралата во Келн
Обично таа е полна, речиси како и на блиската железничка станица. Но, во време на пандемија на коронавирус, во катедралата смеат да бидат истовремено само 300 лица. Затоа, посебно на викенд, се формираат долги редици на оние кои чекаат. А кога ќе влезат, имаат речиси единствено доживување на огромната катедрала без безбројни посетители.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarin
Дворецот Хајделберг
Романтичниот дворец, делумно во урнатини, кој се наоѓа над реката Некар, инаку го посетуваат околу 4.000 туристи дневно. Сега се преполовени, но управникот на дворецот, Михаел Без не се лути поради намалувањето на бројот продадени влезници: „Сега можете да го доживеет дворецот на посебен начин“.
Импозантната новоградба на филхармонијата над Лаб од која се пружа величествена глетка на цел Хамбург, исто така обично е преполна, а билети се купуваат со недели однапред. Сега е можно скоро да вшетате во неа, но сепак се советува претходно да се купи влезница. Бројот на посетители е строго ограничен.
Фотографија: picture-alliance dpa/C. Charisius
Куполата на Рајхстагот
И во Берлин е тешко да се влезе во зградата на парламентот и да се прошета по стаклената купола од која се пружа поглед на цел град и пленарната сала на германскиот парламент. Сега е уште потешко: доаѓање е можно само со претходн најава и во исклучителни случаи. Инаку куполата е затворена.
Фотографија: picture-alliance/dpa/imageBROKER
Берлинскиот Остров на музеи
Познатата биста на Нефертете минатата година ја виделе 4,2 милиони луѓе. Сега бројот на посетители е строго ограничен и за обиколка имаат на располагање само ограничено време. Ако сега сакате да ја видите бистата, потребно е однапред да резервирате влезница.
Фотографија: picture-alliance/U. Baumgarten
Цветниот остров во Маинау
На Островот на цвеќето во Боденско Езеро нема ограничувања за посетителите, но нив ги има многу помалку од обично. Порано доаѓаа полни автобуси, а во доба на пандемија можете на мир да го погледнете баш секој цвет.
За познатата, срушена па потоа обновена „Фрауенкирхе“ во Дрезден исто така важат строги прописи: во нејзината купола смеат да влезат само 50 лица, а во црквата вкупно 40. На концертите кои се одржуваат таму дозволено е присуство на 350 посетители, инаку ги има 1660. Редовно се бара карта повеќе.
Фотографија: picture-alliance/Arco Images
Ротенбург об дер Таубер
Ова сликовито гратче во Баварија во кое имате впечаток како да сте се вратиле во среден век, инаку има само десетина илјади жители. Но, секоја година доаѓаат во посета 1,9 милиони туристи. Поголемиот дел од нив се од Америка и Азија, но овие денови нив практично ги нема. Тоа сепак не значи дека гратчето е празно, во него сега уживаат домашните германски туристи.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Karmann
9 фотографии1 | 9
Тие можат само да се надеваат дека во одреден момент, кога бројот на инфекции повторно ќе се намали, под испробаните хигиенски услови, ќе можат да продолжат онаму каде застанале пред локдаунот.
И наместо сега да побудалуваме, да хипервентилираме и да дебатираме за луди хипотези, сите треба длабоко да вдишеме и издишеме. Имено, длабок здив и онака ќе ни биде потребен, бидејќи нормалноста по која копнееме нема да се врати толку брзо.
А што ќе се случува од есен наредната година- тоа допрва треба да го доживееме. А за да можеме да го доживееме, останува девизата: Мијте ги рацете! Држете дистанца! Носете маски!
Вухан: Една година по избувнувањето на пандемијата
На крајот на 2019 се појавија првите извештаи а на почетокот на 2020 кинескиот град Вухан стана озлогласен како прво жариште на коронавирусот во светот. Како е сега таму, една година потоа?
Фотографија: Aly Song/REUTERS
Рамо до рамо на преполните пазари
Вухан беше во карантин околу 11 недели откако стана првото глобално жариште на коронавирусот. До средината на мај 50.000 од 80.000 од официјалните случаи на заразата во Кина беа во Вухан. Но, сега животот речиси е вратен во „нормала“ на преполните улични пазари во градот.
Фотографија: Aly Song/REUTERS
Танцување на улиците
За време на карантинот, на жителите не им беше дозволено ниту да ги напуштат своите домови. Сега, тие дури можат да танцуваат заедно во парковите. Според новинската агенција Ројтерс, таму веќе со месеци нема локално пренесување на вирусот.
Фотографија: Aly Song/REUTERS
Нулта точка на коронавирусот?
Зеленчук, риба и месо - дури и диви животни - сето тоа се продаваше на овој покриен пазар. Но, тој ги затвори портите на 1 јануари 2020 година, откако започна да се шири мистериозното заболување на белите дробови и неговото потекло беше пронајдено на пазарот. Научниците сè уште не ја утврдија точната улога на пазарот во ширењето на вирусот, ако воопшто имаше улога.
Фотографија: Getty Images/AFP/N. Celis
Егзистенцијата на рестораните е изложена на ризик
Пред пандемијата, Лаи Јун поголемиот дел од производите за неговиот јапонски ресторан ги купувал во покриениот пазар. „Ги испраќав децата на училиште, појадував, а потоа одев на пазар“, вели 38-годишникот. Од повторното отворање во јуни, тој морал да оди на друго место - а некои од состојките сега чинат петпати повеќе. „Наша цел за наредната година е едноставно да преживееме“, вели тој за ДВ.
Фотографија: Aly Song/REUTERS
Нема повеќе свежа стока
Иако пазарот на приземјето сè уште е затворен, вториот кат е повторно отворен. Но, поголемиот дел од продавниците продаваат очила и други специјализирани производи за оптичари. „Некои луѓе можеби имаат чудно чувство, но сега е само празна зграда“, вели за ДВ една од продавачките, која не сакаше да го каже своето име.
Фотографија: Aly Song/REUTERS
Продавачите се префлија на улиците
Од затворањето на пазарот, некои луѓе почнаа да продаваат месо и друга свежа стока на улиците. Дури и ако продавачите носат маски и ракавици, некои велат дека условите не се во согласност со одредени хигиенски стандарди. Во екот на пандемијата на коронавирусот покриениот пазар беше критикуван поради лошите здравствени и санитарни прописи.
Фотографија: Aly Song/REUTERS
Кловн без маска- заштитна
Повеќето жители на Вухан носат маски на јавни места, особено затоа што коронавирусот не е исчезнати имала одреден број нови случаи на други места во Кина. „Многу луѓе почнаа да складираат маски, средства за дезинфекција и друга заштитна опрема“, изјави за ДВ, 29-годишниот учител по англиски јазик Јен.