1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дебата за Косово во Советот за безбедност

21 јуни 2008

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун останува на својот план за преструктурирање на меѓународното присуство на Косово и покрај отпорот од страна на Русија и Србија. Бан го изнесе планот пред Советот за безбедност.

Бан Ки Мун во ОНФотографија: AP

На дебатата во Советот за безбедност генерланиот секретар на светската организаиција Бан Ки Мун истакна дека мисијата УНМИК своите ингеренции треба да и ги предаде на европската мисија ЕУЛЕКС на Косово.

Бан Ки Мун пред Советот за безбедност во Њујорк вчера рече и дека ОН мора да се прилагодат на новата реалност по прогласувањето независнот од страна на Косово во февруари годинава. „Под управа на ОН, Косово направи значајни чекори од конфикт кон мир. Создавање и консолидација на демократските институции и економски основи. Сепак не е се постигнато што е зацртано. Мораме да бидеме сигурни дека со нашите одлуки нема да го загрозиме она што го созададовме до сега.“ рече Бан

Повеќето земји членки на Советот за безбедност на ОН на седницата во Њујорк ја подржуваат идејата на генералниот секретар за прераспределба на меѓународните трупи на Косово. На идејата и се спротивставуаваат Србија и Русија кои наведуваат дека за секоја измена на меѓународното присуство на Косово потребна е одлука на Советот.

На седницата на Советот за безебдност учествуваше и српскиот претседател Борис Тадиќ, кој уште еднаш потврди дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово. Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу кој на амбасадорите им се обрати во својство на приватно лице рече дека Приштина го земала в предвид планот на Бан Ки Мун и ја истакна определеноста на Косово да биде демократска држава за своите граѓани.

Бан Ки Мун кој за првпат се обрати во Советот за безбедност по прогласувањето независност на Косово, го извести Советот дека за нов шеф на УНМИК на Косово го прогасува Ламберто Заниер.

Илталијанскиот дипломат и поранешен директор на Центарот за превенција од конфликти на ОБСЕ во Виена веќе пристигна во Приштина каде на прес конференција истакна „Тука сум за да ги претставувам ОН, а вие знаете каков е ставот на ОН по прогласувањето на независност. Јас ќе имам неутрален став по прашањето на статусот.“ истакна Заниер и подвлече дека ќе се залага за подобрување на меѓуетничките односи на Косово.Тој доаѓа на местото на Германецот Јоаким Рикер и е осмиот специјален пртеник на генерланиот секретар на ОН на Косово.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми