1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дебата за разликите НАТО – Русија

25 октомври 2007

Во холандскиот град Нордвејк денеска се одржува средба на Советот НАТО – Русија, на кој министрите за одбрана на алијансата разговараат со нивниот руски колега Анатолиј Сердјуков.

Можно ли е приближување на ставовите меѓу НАТО и Русија? Шефер и ПутинФотографија: AP

Русија и НАТО се поделени околу прашањето на Косово. Москва се спротивставува на планот за контролирана независност за Косово, а косовските Албанци најавуваат еднострано прогласување независност во декември во случај да не се постигне договор за иднината на покраината. Преговорите со посредство на тројката во која се САД, ЕУ и Русија, инаку треба да продолжат во Виена идниот понеделник на 5 ноември.

Министрите за одбрана на НАТО вчера се согласија да ги задржат 16-те илјади војници на Косово и истакнаа дека се подготвени за можноста од избувнување немири и насилство. Генералниот секретар на алијансата Јап де Хоп Шефер изјави дека целта на алијансата е да ги задржи сите војници присутни на Косово, за КФОР да биде подготвен, како што рече, на секоја можност и да ги брани и мнозинството и малцинството.

Состанокот НАТО - Русија се одржува само неколку дена по најавата на американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс дека Вашингтон би можел да ги одложи плановите за поствување ракетен штит во Полска и Чешка, до колку „дефинитивно не се докажеле„ заканите од Иран. Оваа најава се смета за обид да се ублажи руското спротивставување кон американскиот план.

Претпладнето, министрите на НАТО се договорија за намалување на планираната кризна единица за реакции против терористички напади и природни катастрофи. Од планираните 25 илјади, сега ќе се задржи само јадро што ќе биде веднаш подготвено да дејствува, информира портпарлот на алијансата Џејмс Апатураи. Точната бројка на единицата треба да ја договорат шефовите на генерал-штабовите до самитот на НАТО во април во Букурешт.

Брзата група за дејство „НАТО риспонс форс„ или НРФ, важи за претходник на намерата на алијансата да се пренасочи од организација на студената војна, во модерен сојуз за одбрана со ангажмани во целиот свет.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми