Девојче одлета со змеј 30 метри во височина
5 септември 2020
Реклама
Според локалните медиуми летечкиот змеј тежок 13 килограми со кој девојчето учествувало на фестивалот, ја кренал во воздух до височина од 30 метри. Целиот инцидент траел околу 30 секунди.
На насловното видео се гледа дека останатите учесници се шокирани од она што се случи, а откако ветерот се смири змејот почна полека да се спушта и девојчето успешно се врати на земја.
Властите во градот Синчу непосредно потоа го прекинаа фестивалот и се извинија за инцидентот, најавуваќи истрага на случајот за во иднина да не се повтори вакво нешто.