1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дела наместо празни зборови

Марсел Фирстенау Превод: А.Трајковска11 јули 2014

Службеник на американската тајна служба треба да ја напушти Германија поради шпионската афера. Тоа е добро со оглед на иритирачката неактивност на најважниот сојузник, смета Марсел Фирстенау.

Фотографија: imago

На германската влада не и‘ беше лесно да ја донесе одлуката за најавеното исфрлање на висок по ранг соработник на американската амбасада во Берлин. Конечно, помина повеќе од една година откако Едвард Сноуден за првпат ги обелодени американските шпионски активности. Во тој период владата на САД упорно се противеше, на својот најважен сојузник во Европа само еден чекор да му излезе во пресрет. Писма и каталози со прашања останаа неодговорени, договор за нешпионирање не беше склучен.

Долго, премногу долго германската влада дозволи да биде хранета со привидни информации. Речиси легендерен е настапот на поранешниот координатор на тајните служби Роланд Пофала пред парламентарната Контролна комисија за тајните служби. Овој политичар од редовите на демохристијаните тогаш изјави дека аферата која го носи името на американската тајна служба НСА е завршена. Каква заблуда! Од убедување? Од ладнокрвна сметка, неколку денови пред изборите за Бундестагот? Сеедно. Аферата секако беше сѐ друго, но не и завршена. Таа, благодарение на постојано новите откритија од речиси неисцрпниот фундус на Сноуден, дури тогаш почна да се развива.

Вашингтон ги игнорираше сигналите

Германската влада на брзото темпо на медиумските извештаи и на прашањата на загрижените граѓани од политиката и општеството, дури тврдоглаво реагираше со мешавина од смирување и минимизирање. За среќа критичарите не попуштија. И, кога Ангела Меркел во октомври дозна дека и‘ бил прислушуван мобилниот телефон во канцеларскиот кабинет започна претпазлива промена на мислењето. Да се прислушуваат пријатели „тоа воопшто не оди“ - овој крик од највисоката позиција требаше да биде слушнат од Вашингтон. Но, тој не го стори тоа.

Затоа сега американскиот дипломат задолжен за американските тајни служби во Германија треба да ја напушти земјата домаќин. Барањето кое го упати германската влада, според зборовите на Клеменс Бинингер, е „политичка реакција на тоа што досега не може да се препознае волја за расветлување на околностите“ од страна на Американците. Бинигер претседава со Парламентарната контролна комисија, која од почетокот на аферата смета дека е лошо информирана од страна на германската влада и шефовите на германските тајни служби.

Марсел ФирстенауФотографија: DW/S. Eichberg

Последните случаи со шпионажа ја прелеаја чашата

Парламентарната комисија може да си ја припише како успех новата одлучност на одговорните луѓе во политиката. Ова тело, и покрај партиско-политичките разлики меѓу членовите, не остави сомнеж дека има волја за расветлување на околностите. Слично важи и за Истражната комисија за НСА на Бундестагот. Конечно, можеби токму збирот од револтот од парламентот и од улицата предизвикаа промени во владата.

Неодамна откриените случаи за наводна шпионажа во редовите на Германската тајна служба (БНД) и Министерството за одбрана беа последната капка, која ја прелеа чашата. Како причина за бркање на дипломатот тие речиси и не се вредни ако ситуацијата се погледне одблизу. Информациите кои им биле пренесени на САД од страна на осомничените лица потекнувале од „неекслозивна област“, тврди контролорот на тајните служби Бинингер. Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезие, пак, оцени дека издадените информации биле „смешни“.

Меркел конечно покажа заби

Во вакво светло барањето американскиот дипломат да ја напушти Германија изгледа претерано и несразмерно. Меѓутоа, сепак мерката на германската влада е за поздравување. Ова е прва впечатлива реакција на скандалозната шпионска афера, која најблискиот трансатлантски партнер едноставно арогантно сакаше да чека да помине. Тоа сега е дефинитвно минато, бидејќи досега плашливата сојузна канцеларка конечно покажа заби. Времето на празни зборови (се надеваме) е минато.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми