Делегација на Арапската лига во Ерусалим
9 јули 2007Реклама
Во обид да се заживее блискоисточниот мировен процес, Арапската лига за првпат ќе испрати официјална делегација во Израел. Министрите за надворешни на Египет и Јордан се очекува во четврток да пристигнат во Ерусалим тврдат од дипломатски кругови. Во средиште на разговорите треба да биде мировниот план на Арапската лига, со кој се предвидува нормализација на односите со Израел ако се повлечат на границите од пред 1967 година. Според планот Палестина треба да стане независна држава.