1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Делегација на ДУИ во Брисел

Свето Тоевски11 септември 2006

„Делегацијата на Демократската унија за интеграција отпатува во Брисел за да ги запознае непосредно европските институции за ситуацијата во Македонија и за сериозно загрозените меѓуетнички односи, за ризикот да се уништи меѓуетничката доверба меѓу Албанците и Македонците„, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешната прес конференција во Мала Речица.

Слика на Али Ахмети на плакат
Слика на Али Ахмети на плакатФотографија: AP

Поради непочитувањето на волјата на Албанците, вели Али Ахмети, можат...

“...да се уништат и шансите на Македонија за евро-атлантската интеграција. “

Ахмети, како што вели, одлучил да ја прифати поканата за средба со премиерот, Никола Груевски, но доколку средбата би се одржала во Шипковица, во поранешниот штаб на расформираната ОНА. Ахмети предлага, покрај другото, да се разговара и за промена на уставот, за да “се гарантира дека партиите победнички од македонскиот и албанскиот блок ќе ја формираат владината коалиција“, како и за “гласање за владата според Бадинтеровиот принцип“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми