1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Делириум во Франција

СН/ агенции
16 јули 2018

Во цела Франција до раните утрински часови френетично се прославуваше титулата светски фудбалски шампион. Славјето беше засенето од инцидентите предизвикани од помали групи насилни навивачи во повеќе француски градови.

Russland WM 2018 Frankreich gegen Kroatien
Фотографија: Reuters/P. Wojazer

Франција синоќа се претвори во огромна дискотека по победата на фудбалската репрезентација во финалето на Мундијалот во Русија против Хрватска со 4:2. Во главниот град Париз на оние 90 илјади луѓе, кои пред Ајфеловата кула заеднички го гледаа финалето, во прославата на титулата им се придружија десетици илјади други граѓани, кои весело играа и пееја.

Како се славеше во Париз?

00:57

This browser does not support the video element.

Местата предвидени за прославата во Париз, околу Ајфеловата кула и пред Триумфалната капија, како и во Лил, Лион, Стразбур, Бордо и Марсеј и во помалите места во Франција беа исполнети со милиони луѓе. Покрај огнометот кај Ајфеловата кула, во чест на победата во финалето на СП се огласија и ѕвоната на катедралата Нотр Дам.

Фотографија: Reuters/C. Platiau

Повеќе од 110 илјади припадници на безбедносните сили беа распоредени во целата земја спроти финалниот натпревар. Во Париз, но и во Лион и Марсеј полицијата мораше да се справи со насилнички настроени навивачи, кои се закануваа да фрлат сенка врз величенствената прослава.

Фотографија: Reuters/G. Fuentes

Безбесносните сили употребија солзавец и водени топови за да ги растурат групите навивачи на прочуената париска улица Шанзелизе, кои кршеа излози, ограбуваа продавници и фрлаа со камења и други тврди предмети врз полицајците. Слични инциденти имаше и во Лион и во Марсеј, каде, како што се јавува, биле уапсени 10 лица.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми