1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Делумна победа на Ѓоковиќ

ЕМФ | агенции
10 јануари 2022

Тенисерот Новак Ѓоковиќ постигна делумна победа во конфликтот околу неговата виза за учество на турнирот во Австралија.

Spanien Madrid | Davis Cup | Novak Djokovic
Фотографија: Atilano Garcia/SOPA Images/ZUMA Press Wire/picture alliance

Судот во Мелбурн денеска донесе одлука во полза на 34-годишниот Новак Ѓоковиќ и нареди ослободување на тениската ѕвезда од мигрантскиот хотел каде што се наоѓа во моментов. Адвокатите на Ѓоковиќ поднесоа жалба поради анулирањето на неговата виза од страна на австралиските гранични власти.

Судијата Ентони Кели во првиот дел од сослушувањето, откако адвокатите на тениската ѕвезда го претставија своето гледање на работите, оцени дека однесувањето на австралиските власти не било соодветно и праша: „Што уште можел да направи овој човек?“

Ваквиот делумен успех пред судот, меѓутоа, не гарантира дека Ѓоковиќсигурно ќе учествува на тенискиот турнир Австралија Опен, кој почнува на 17 јануари. Австралиската влада веќе најави преземање натамошни чекори во случај судот да одлучи во полза на Ѓоковиќ.

Полиција пред мигрантскиот хотел во којшто е сместен ЃоковиќФотографија: Hamish Blair/AP/picture alliance

Случајот Ѓоковиќ со денови предизвикува огромно внимание на светската јавност. Најдобриот тенисер на светот во Мелбурн допатува во средата (5.01.2022), но визата му беше одбиена и не му беше дозволен влез во Австралија. Ѓоковиќ за Австралија тргнал откако добил документ за медицински исклучок за учество на првиот грен слем турнир сезонава, иако не е вакциниран  против коронавирус. До раните утрински часови беше во изолација на аеродромот, а потоа беше префрлен во хотелски карантин. Тенисерот вложи жалба. Според судските документи, адвокатите на Ѓоковиќ го информирале судот дека тенисерот на 30 декември добил вонредна дозвола за учество на турнирот од страна на медицинскиот шеф на австралискиот тениски сојуз. Таа дозвола му била издадена врз основа на документ со кој се потврдува дека тенисерот на 16 декември 2021-ва бил позитивен на коронавирус, што значи дека ја прележал болеста. Според тенискиот сојуз на Австралија и државата Викторија, прележан коронавирус е доволна причина за исклучок, односно неодамнешна инфекција со коронавирусот е валидна медицинска причина за ослободување од вакцинација.

Билборд во БелградФотографија: Darko Vojinovic/AP/picture alliance

Вакциналниот статус на Ѓоковиќ е тема која долго е предмет на дебата. Тенисерот долго велеше дека негова приватна работа е дали е вакциниран или не. Од судските документи во Мелбурн сега произлегува дека тој не е вакциниран. Ѓоковиќ на прашање на австралиски граничар одговорил дека „не е вакциниран против Ковид-19“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми