1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дел Понте во Србија

3 октомври 2006

Европските перспективи на Србија пак зависат од извештајот на главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте која од вчера е во дводневна посета на Белград каде води разговори со политичкото раководство.

Дел Понте го има последниот збор
Дел Понте го има последниот зборФотографија: AP

По средбата со претседателот Борис Тадиќ, од неговиот кабинет е соопштено само дека „двајцата соговорници си ги размениле познатите ставови“. Немаше изјави ниту по петчасовната средба на Дел Понте со српскиот републички обвинител. Но Дел Понте веќе минатата недела на еврокомесарот за проширување Оли Рен му кажа дека нема никаков напредок во апсењето на главниот обвинет екс генералот Ратко Младиќ, поради што Рен најави дека е можно да не дојде до одмрзнување на преговорите за Стабилизација и Асоцијација со ЕУ, до кој дојде бидејќи Србија не го испораќа Младиќ во предвидениот рок до мај годинава. Во Србија се сепак оптимисти. Директорката на канцеларијата на српската влада за придружување во ЕУ, Тања Мишчевиќ изјави дека годишниот извештај за напредокот на Србија во ЕК, ќе биде многу поволен, но дека клучна политичка замерка ќе биде тоа што нема доволна соработка со хашкиот трибунал. Дел Понте уште еднаш во октомври ќе биде повикана во ЕУ за да даде проценка дали Србија прави се што може за да го уапски бараниот поранешен генерал Ратко Младич.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми