1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демократите го обвинуваат Трамп за „ужасен“ напад

ЕМФ / дв
16 ноември 2019

Додека Јованович даваше изјава во улога на сведок во текот на постапката за отповикување на Трамп, американскиот претседател ја нападна на Твитер. Демократите обвинуваат за заплашување сведци.

USA Washington | Impeachment-Anhörung | Adam Schiff, Chairman
Адам Шиф, претседател на Комисијата за надгледување на работата на тајните службиФотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Harnik

Демократите во САД упатуваат тешки обвинувања на сметка на американскиот претседател и тврдат дека тој заплашува сведоци. Претседателот на Комисијата за надгледување на тајните служби во американскиот Претставнички дом, демократот Адам Шиф, по сослушувањето на поранешната американска амбасадорка во Украина Мари Јованович, оцени дека нападот на Трамп врз Јованович е „дел од начинот на постапување со којшто се заплашуваат сведоци“.

Јованович вчера сведочеше на јавна седница на Комисијата задолжена за аферата околу Украина. Во текот на нејзиното сведочење американскиот претседател на Твитер напиша дека секаде каде што отишла Јованович, состојбата се влошила. Јованович беше прашана за оценка на твитот на Трамп во текот на сведочењето и таа рече дека тој е „заплашувачки“.

Адам Шиф изјави дека во случајот се работи за „заплашување на сведоци во живо“ и оцени дека е „ужасно“ што Јованович во текот на сослушувањето мора да трпи нови напади од страна на Претседателот.

Повеќе:

Сослушувања за украинската афера на Трамп - политичка драма во живо

Што ќе донесе бесконечното сослушување за импичмент на Трамп?

По сослушувањето на поранешната американска амбасадорка, повеќемина републиканци се обидоа да ја спуштат топката, наведувајќи дека не може да се каже со сигурност оти се работи за напад врз сведок. Повеќе станува збор за оценка на „нејзината биографија“, оцени еден републиканец, а други негови колеги коментираа дека Трамп едноставно се спротивставил на нефер постапувањето во текот на импичмент-истрагата.

Трамп ги отфрла обвинувањата од демократите и тврди дека е тоа негово право на слободно изразување на мислењето, „исто како и на другите луѓе“. Според него, она што се случува во текот на истрагата е „срамно“. Трамп смета дека на републиканците им се ускратуваат важни права во текот на постапката.

Сведочењето на Јованович е трето по ред во постапката за отповикување на американскиот претседател. Трамп е осомничен дека ја злоупотребил својата положба за да ја увери украинската влада да се вмеша во американската кампања во негова полза.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми