1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Демонтажа на демократијата во Венецуела

Еван Ромеро
1 август 2017

Двајца водечки опозиционери во Венецуела, Леополдо Лопез и Антонио Ледезма биле уапсени и одведени од нивните домови каде се наоѓаа во куќен притвор. Земјата сигурно чекори на патот кон авторитарна еднопартиска држава.

Venezuela Wahlen
Фотографија: Reuters/C. Garcia Rawlins

На отворени и слободни избори, Николас Мадуро и неговота Социјалистичка партија во Венецуела не можат веќе одамна да победат. На овој крстопат, кој ги разделува демократите од автократите,  Мадуро одлучи дефинитивно да го напушти патот на демократијата. Имено за конечно да го развласти неомилениот парламент во кој доминира опозицијата, тој ги свика изборите за Уставотворното собрание. 

Изборот на Уставотворно собрание е прекршување на Уставот

Ова само по себе беше противуставен акт, зашто со тоа се прекршуваат како гласањето за законски од народот избраниот и од опозицијата доминираниот парламент, така и исходот од референдумот кој се одржа пред две недели. Националниот изборен совет наспроти тоа од почетокот имаше наредба од претседателот Мадуро преку соодветно рестриктивни критериуми при изборот на кандидати да осигура опозицијата да нема никакви шанси за освојување на мнозинство во 545-членото Уставотворно собрание. Така тоа се прави денес: патот во автократија се поплочува со наводно демократски инструменти. Затоа никого не треба да го изненади тоа дека опозицијата ја одби отровната покана за учествво во оваа фарса.

Еван Ромеро, автор на коментаротФотографија: Dimitri Detering

Дури по неколку сомнителни одолговлекувања, Тибисеј Лусена, претседателката на националниот изборен совет во неделата ги соопшти резултатите. Според нив на изборите учествувале 8.089.329, што соодветствува на 41,53 проценти од граѓаните со право на глас. Но дали овие бројки се веродостојни?

Во Венецуела демократија умира со бавна смрт.  Чекор по чекор демократските инсттитуции и традиции се шуплосуваат од внатре. Ситуацијата сега изгледа уште побезизлезна од претходно, бидејќи сега има два парламента, кои не се признаваат меѓусебе и ќе се блокираат. Меѓутоа Уставотворното собрание принципиелно има право да ги распушти сите други институции во земјата.

Неопходен е голем меѓународен притисок

Сѐ уште постои тивка надеж, дека демократијата во најбогатата со нафта држава на планетава не ќе биде укината целосно незабележано од светската јавност. Но со оглед на комплицираната состојба во Каракас, итно е неопходен поголем меѓународен притисок врз владата и масивна поддршка на демократските сили во Венецуела. 

Поводливата претседателка на националниот изборен совет и 12 други претставници на венецуеланската влада веќе добија забрана за влегување во САД поради „напорите да се уништи демократијата во Венецуела“. Покрај тоа блокирани се нивните банкарски сметки и замрзнати се нивните имотни вредности. Згора на тоа повеќе земји уште пред овој привид од избори најавија дека нема да ги признаат нивните резултати- меѓу нив Мексико, Канада, Велика Британија, Шпанија и САД. Крајно време е и Германија, но и ЕУ во целина да се приклучат на овој курс и да го зголемат притисокот врз Каракас.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми