1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демонтиран споменик за жртвите од Тјенанмен

Сузане Ајкенфондер
23 декември 2021

„Столбот на срамот“ во Хонгконг потсетуваше на крвавото задушување на кинеското демократско движење во 1989 година. Сега споменикот стана жртва на вазалите на Пекинг.

Hongkong Dänemark Säule der Schande
Фотографија: Kin Cheung/AP/dpa/picture alliance

Наредбата на универзитетот во Хонгконг за отстранување на скулптурата поставена во знак на сеќавање на жртвите на крвавото задушување на демократското движење во Кина во 1989 година, е спроведена. Осум метри високиот „Столб на срамот“, дело на данскиот скулптор Јенс Гелшут, беше отстранет во текот на изминатата ноќ. Репортерите беа спречени од страна на припадници на безбедносните сили да се доближат до статуата и да го снимаат тоа што се случуваше.

Уметничкото дело прикажува 50 луѓе со измачени лица. Тоа на просторот на универзитетот во Хонгконг стоеше од 1997 година. Во октомври годинава раководството на универзитетот нареди отстранување на скулптурата.

Отстранувањето на споменикот предизвика остри критики од страна на приврзаниците на демократското движење во Хонгконг и на уметникот Гелшут. „Направивме сѐ што можевме за да му кажеме на универзитетот во Хонгконг дека радо би ја зеле скулптурата и би ја однесле во Данска“, изјави Гелшут во Копенхаген.

Тој смета дека скулптурата е негова сопственост и вели дека таа била само позајмена на хонгконшката Алијанса за поддршка на демократските движења во Кина, која под притисок на новите „безбедносен закон“ беше принудена на распуштање. Гелшут поради тоа е со намера да го тужи универзитетот.

„Столбот на срамот“ беше отстранет во текот на ноќтаФотографија: Anthony Kwan/Getty Images

Хонгконг со години беше единственото место во Кина каде сѐ уште се толерираше споменик за жртвите од Тјенанмен. Но, скулптурата во универзитетскиот кампус долго време му беше трн в око на раководството во Пекинг, кое сака да го згасне секое сеќавање на интервенцијата со војска во земјата.

Универзитетот сега го оправдува отстранувањето на споменикот со „законски ризици“.

Комунистичкото раководство на Кина на 4 јуни 1989 година насилно го задуши кинеското демократско движење. Десетиците илјади демонстранти на плоштадот Тјенанмен наспроти себе имаа армија и тенкови. На плоштадот не беше убиен никој, но, според Амнести интернешнал, во други делови од Пекинг имало стотици жртви.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми