1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Денеска е погребот на двајцата новинари на ДВ загинати во Авганистан

20 октомври 2006

За мотивот и сторителите на убиството, што се случи во северниот дел на Авганистан на 7 октоври, се‘ уште нема никакви сознанија.

Карен Фишер беше многу ценета меѓу колегите од Дојче Веле
Карен Фишер беше многу ценета меѓу колегите од Дојче ВелеФотографија: DW

Колегите и соработниците на Карен Фишер и Кристијан Штруве денеска уште еднаш болно се среќаваат со фактот дека омилените колеги нема повеќе да се вратат од еден од бројните престои во Авганистан. Ратбил Шамел, уредник во авганистанската програма на ДВ вака се простува од драгите колеги:

“Драга Карен, драг Кристијан, се сеќавам уште многу јасно како заедно сонувавме да отвориме чајџилница во градот Бамјан. Ноќите во Кабул често беа долги и тукуречи канеа на такви соништа на јаве. Се‘ уште не можам да сфатам дека токму земјата што толку многу ја сакавте на крајот ви ги украде сите животни соништа. Длабоко се срамам во име на моите сонародници и многу сум тажен поради тоа. Тажен меѓу другото и затоа што јас и мојата земја загубивме двајца прекрасни пријатели!“

Генералниот директор на ДВ, Ерик Бетерман уште при објавувањето на веста за смртта на двајцата новинари нагласи дека дале голем придонес во обновата на авганистанската државна ТВ и воопшто на медиумите во земјата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми