1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Денеска состанок на контакт групата за Косово

2 ноември 2005

Контакт групата за Косово денеска во Вашингтон треба да се состане за првпат по минатонеделната препорака на Советот За безбедност на ОН за отпочнување на преговорите за статусот на покраината.

Од поранешните состаноци на Контакт Групата за Косово
Од поранешните состаноци на Контакт Групата за КосовоФотографија: AP

Разговорите,на кои ќе се одредуваат насоките за изнаоѓање трајно решение за Косово, ќе ги води Михаел Шефер, политички директор во германското министерство за надворешни работи.

Паралелно со состанокот на контакт групата во Вашингтон, во Њујорк треба и официјално да биде потврдено именувањето на поранешниот фински претседател Марти Ахтисари за спефијален претставник на Светската Организација во преговорите за статусот на Косово. Портпаролот на генералниот секретар на Он, Брендон Варма изјави дека Советот денеска најверојатно позитивно ќе одговори на писмото на КоФи Анан, во кое тој го предлада Ахтисари.

Во меѓувреме, владата во Приштина го поѕдрави именувањето на Ахтисари

за специјален претставник за разговорите околу статусот на помкраината. Премиерот Бајрам Косуми, по вчерашната седница на владата, го поздрави предлогот Ахтисари да има и три помошници од Еу, САД и Русија, а исто така, рече дека мошне добро би било и доколку американската страна ја застапува државниот подсекретар за политички прашања Николас Барнс. Сопоред кабинетот а Косовскиот претседател Ибрахим Ругова, од Ахтисари се очекува да се придрижува до принципите кои важат во посредувањето.

Официјален Белград, пак, според оценките на тамошните политичари, неподготвено го дочекува почетокот на преговорите за косовскиот статус. Поранешниот министер за надворешни работи Горан Свилановиќ изјави дека српското раководство треба пореално да и ја претстави на јавноста ситуацијата воочи преговорите и повтори дека останува на ставот Косово да добие условна независност. Српската страна нема ниту тим, ниту стратегија за тоа како да се настапи на преговарачката маса, критикува од друга страна пратеничката Сања Чековиќ:

,,Премиерот е тој кој треба да му се обрати на парламентот и кој треба да каже кој би бил неговиот предлог и каква би била стратегијата кон Косово,“ вели пратеничката во српскиот парламент.

И додека пратениците во Белград се уште се во исчекување, пралманентот во Приштина е во акција. Косовските пратеници вчера одлучија да донесат резолуција за независност на покраината, која ќе биде изгласана најдоцна до 17 ноември.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми