Со посредство на ОН и на Црвениот крст денеска треба да бидат евакуирани уште цивили од челичарницата во Мариупол, која е под руска опсада. Според Киев, деновиве од пеколот на Мариупол биле извлечени близу 500 цивили.
Реклама
Според украински наводи вкупно околу 500 цивили се донесени на безбедно во изминатите неколку дена од украинскиот град Мариупол и тамошната челичарница, кои со недели се под опсада на руските војници . „Успеавме да евакуираме речиси 500 цивили“, изјави денеска шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак. Операцијата за евакуирање на цивилите, според Јермак, треба да продолжи и денеска.
Се очекува дека нов конвој на Обединети нации ќе ги евакуира денеска последните цивили од челичарницата Азовстал во Мариупол, последното упориште на украинскиот отпор во стратешки важното пристаниште, без никакви гаранции за прекин на огнот.
ОН денеска ќе организираат уште една евакуација од Мариупол, соопшти генералниот секретар на оваа организација, Антонио Гутереш. „Мораме да продолжиме да правиме сѐ што можеме да ги извлечеме луѓето од овој пекол“, соопшти тој.
Мариупол, градот кој не се предава
Во четвртата недела од руската агресија врз Украина, нападите врз цивилното население се засилуваат. Додека оние кои можат бегаат од Мариупол, Киев одбива предавање на опколениот град.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Егзодус од Мариупол
Изминатата недела, десетици илјади луѓе се обидуваат да избегаат од уништениот град Мариупол. Од почетокот на војната, стратешки важниот јужен пристаништен град е соочен со непрекинато бомбардирање и ракетни напади, голем дел врз цивилни цели. Според руски извори, околу 130.000 од 440.000 жители на градот и натаму се во него.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
Уништен град
По четиринеделно непрекинато бомбардирање, во градот повеќе не може да се живее. Според градската администрација, 80% од становите се уништени. Многу фотографии од Мариупол прикажуваат уништени или изгорени станбени згради, како оваа на руската државна агенција Тасс.
Руските напади врз цивилни цели во Украина наведоа повеќе западни политичари да зборуваат за руски „воени злосторства“. Меѓу нив се германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел. Борел рече дека Русија ја уништува Украина без никаква почит за правилата на војување.
Фотографија: REUTERS
Русија тврди дека напаѓа само стратешки цели
Русија тврди дека напаѓа само стратешки и воени цели. Москва ја обвинува украинската единица „Азовски баталјон“ за ракетирањето на театарот во Мариупол. Стотици луѓе се спасија од урнатините, благодарение на бункер во подрумот на театарот, кој сега е целосно уништен.
Проруските сепаратисти, кои го контролираат регионот Доњецк во источна Украина, ги набљудуваат излезите од градот. Тие се отворени само за невооружени цивили кои сакаат да си заминат од градот.
Фотографија: Str/AA/picture alliance
„Евакуирани“ на непријателска територија
Оваа фотографија, објавена од руската државна агенција Тасс, прикажува луѓе евакуирани од Мариупол во окупираниот Доњецк. Русија тврди дека сака да им обезбеди заштита на украинските бегалци. Градскиот совет на Мариупол, пак, ја обвинува Русија дека им дозволува на сепаратистите насила да ги одведуваат украинските бегалци во Русија.
Мариупол не е единствениот украински град погоден од руските напади. Во северна и источна Украина, ракети и гранати непрекинато паѓаат врз големи градови како Суми, Харков и Киев. Ова се остатоците од трговски центар во Киев откако беше погоден од руски проектил. Четири лица загинаа во нападот.
Фотографија: Daniel Ceng Shou-Yi/ZUMAPRESS/picture alliance
Ukraine rejects surrender of Mariupol
On Sunday, Russia had given Ukraine an ultimatum to surrender Mariupol by Monday afternoon. Ukraine rejected the demand. Instead, thousands of civilians again left the city, which the Ukrainian government says is under continuous fire. According to Russian separatist leader Denis Pushilin, the battle for Mariupol could last weeks longer.
На минатонеделниот состанок со рускиот претседател Владимир Путин, Гутереш нагласи оти е исклучително важно да се овозможи доставување на хуманитарна помош и евакуација од опколените подрачја, „особено од Мариупол“.
Помошникот на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, вчера соопшти оти нов конвој тргнува кон градот, кој стана симбол за руската иванзија која започна на 24 февруари.
„Конвојот е на пат кон Азовстал каде ќе стигне утре наутро, со надеж дека ќе ги земе последните цивили од тој пекол во кој живееја толку недели и месеци и ќе ги одведе на безбедно“, рече Грифитс во Варшава.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст потврди дека е вклучен во операцијата.
Минатиот викенд околу стотина цивили го напуштија Азовстал во евакуацијата која ја организираа ОН и Црвениот крст.
Евакуација од челичарницата во Мариупол
01:41
Информациите за ситуацијата во целичарницата во Мариупол, каде што се наоѓаат цивили и ветерани, остануваат контрадикторни.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, вчера во видео обраќање рече дека руските сили продолжуваат да ја напаѓаат челичарницата, покрај ветувањето на Русија за тридневен прекин на огнот кој требаше да започне вчера наутро.
Руското бомбардирање продолжува, а „цивили, жени, деца допрва треба да бидат евакуирани“, рече тој во пораката објавена на неговиот профил на Фејсбук. „Замислете го тој пекол! Таму има деца! Повеќе од два месеца непрекинато бомбардирање, смртта е постојано блиску“, додаде тој.
Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера пак истакна оти „руската војска и натаму е подготвена да обезбеди евакуација на цивилите“ од Азовстал, кои би можеле да бидат уште 200, заробени во комплексот со украинските борци.
Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, изјави дека руската војска го почитува прекинот на огнот околу фабриката и оти хуманитарните коридори околу Азовстал „финкционираат“.
Ова го демантираа украинските војници, а заменикот на полкот Азов, кој ги брани погоните, Свјатослав Паламар, рече оти во челичарницата се водат „крвави борби“ и дека Русите не се придржуваат кон ветувањето за примирје.