1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Денот кога почна да „никнува" Sидот

СН/мф/ам13 август 2016

На денешен ден пред 55 години комунистичкиот режим во бившата Источна Германија започна со изградбата на Берлинскиот ѕид. Сѐ уште се испитува колку луѓе загинале, обидувајќи се да се дограбат до слободата.

Фотографија: picture alliance/Keystone

Германија беше политички поделена уште во 1949 година, четири години по завршувањето на Втората светска војна. Во западниот дел е основана Сојузна Република Германија, а во источниот Германската демократска република, која спротивно на името беше комунистичка диктатура. Илјадници луѓе секој ден бегаа од Германската Демократска Република. За да го спречи тоа Единствената социјалистичка партија на Германија (СЕД) во 1952 година, на границата меѓу двете земји, одреди пет километри широка зона забранета за движење. Внатрешната граница беше долга 1.400 километри. Оној кој би се движел во тој строго надгледуван простор ризикувaл да биде уапсен или убиен.

Истражувачката мрежа, при Слободниот берлински универзитет, за случувањата во поранешната „СЕД-држава“ би требало сега систематски да испита колку луѓе загинале до отворањето на границата во 1989 година. По обединувањето на Германија во 1990-та година, тогаш формираната истражна институција утврди до крајот на 2000-та година дека на внатрешните граници на Германија имало 248 мртви. Но, вистинскиот број би можел да биде многу поголем.

30 години обединета Германија: Што остана од Берлинскиот ѕид?

01:42

This browser does not support the video element.

Книга на мртви

Резултатите од проектот на крај треба да бидат документирани во т.н. „книга на мртви“, со кратки биографии на жртвите. Како пример се земни истражувањата кои се спроведени во врска со жртвите од Берлинскиот ѕид, иако во Берлин луѓето можеле слободно да се движат се до почетокот на изградбата на Ѕидот на 13 август 1961 година. Германските внатрешни граници веќе одамна биле осигурани со бодликава жица и со воен персонал. Но, бројот на оние кои се обиделе да бегаат сепак беше голем. Така, според податоците од поранешното Министерство за државна безбедност на ГДР, Штази, во периодот од 1974-та до 1979-та околу 5.000 лица се обиделе да побегнат. Меѓутоа, како што се наведува, само 229 стасале во Западна Германија.

Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Раководителот на тој проект Клаус Шредер, кој пораснал недалеку од границата, се сеќава на некои детали.

„Режимот во ГДР се плашеше дека луѓето би можеле да бегаат преку копно и море. Моето прво негативно искуство беше еден леш, кој плуташе по водата. Ние како деца тоа тогаш не можевме да го разбереме“, вели Шредер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми