1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Денот, кој ќе ја промени Германија

Александер Кудашеф
20 декември 2016

Во Германија одамна се стравуваше од голем напад. Сега тој се случи, но нема само да остане на мртвите од Берлин. Теророт ќе ја промени земјата, смета главниот и одговорен уредник на ДВ, Александар Кудашев.

Deutschland Flagge auf Halbmast nach Anschlag in Berlin
Фотографија: Getty Images/S. Gallup

Атентатот од Берлин ја потресе Германија и ја ужасна. 12 луѓе се мртви, речиси 50 повредени, дел од нив и тешко. Нападот, теророт е насочен кон целата земја, кон слободното општество, во кое живеат Германците и е насочен против еден посебен симбол на слободата: божикните панаѓури, кои во предбожикниот период ги посетуваат милиони луѓе- имено не само Германци, туку луѓе од целиот свет, кои безгрижно неколку часа на зима и во предбожикна радост шетаат и сакаат да го заборават секојдневниот стрес.

Терор, кој е насочен кон сите

Атентатот, овој убиствен терор е насочен против сите нас, кои сакаме да живееме слободно и неоптоварено. Тоа е варварски акт против нашата желба за слобода. И затоа теророт од Берлин ќе ја промени Германија. Имено ние повеќе не сме, како што долго неодредено се велеше, во нишанот на меѓународниот тероризам- ние сме жртви. Како и Англичаните, Французите, Шпанците, Израелците, Американците и другите.

Александер Кудашев

И притоа е сосема сеедно, дали злосторството го извршил психички пореметен поединец, волк- самотник со убиствени намери или цела група со фундаменталистичка заднина. Тоа погодува во сржта на слободното општество. Тоа го погодува отвореното општество. Тоа со божикниот пазар погодува и христијански симбол, израз на германската и европската традиција и идентитет.  Често истакнуваната слобода на живот која сите ние не дозволуваме да ни биде одземена од тероризмот, оваа толку истакнувана слобода, ќе му го отстапи местото на длабоко вкоренето чувство на несигурност. Германија ќе се чувствува понебезбедна. И ќе биде понебезбедна.

Следува ли политички земјотрес?

Згора на тоа доаѓа и можниот политички земјотрес, кој еден ваков атентат го повлекува со себе, кога извршителот е бегалец. Човек кој во оваа земја барал засолниште. Човек, кој побарал азил и го добил. Човек кого оваа земја не го одбила. Ако навистина злосторникот е бегалец, кој пристигнал во минатата година, кога Германија широкоградо и неконтролирани ги отвори границите- тогаш бегалската политика на канцеларката ќе биде на удар на силни ветришта. Тогаш општественото пријателство кон луѓето во нужда ќе биде ставено на тежок испит. Тогаш и во Германија победничкиот поход на десничарското национал-егоистично размислување ќе слави многу повеќе од само впечатливи победи. Тогаш отвореното општество ќе се затвори. Тогаш внатрешно-политичката клима ќе се скамени. Тогаш слободата ќе биде под закана од внатре.

Се разбира токму на еден ваков ден, мора да се задржи мирот и присебноста. Но ќе биде потешко и потешко да се биде спокоен. Вечерта на 19.декември е вечер која ќе ја промени Германија. Колку? Тоа допрва ќе се види.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми