1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Денот на светите Кирил и Методиј

24 мај 2009

На гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ денеска (24.05.2009), кога се одбележува Денот на сесловенските браќа светите Кирил и Методиј, се одржa молебен со кој чиноначалствуваше поглаворот на МПЦ г.г. Стефан.

Базиликата „Сан Клементе“ беше преполнаФотографија: DW/Dragan Todorovski

На службата во базиликата „Сан Клементе“ присуствуваше и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој ја предводи државно-црковната делегација на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Со молебенот на гробот на свети Кирил заврши неколкудневната манифестација што по 42. пат се одржува во негова чест во Рим.

„Св. Кирил беше и останува наша најголема света гордост пред другите и наша најсилна духовна тврдина пред оние кои го негираат нашето име, идентитет, јазик, култура, историја и се што е наше македонско. Иако гробот му е далеку од родната Македонија, тој е близу до се што е наше“, истакна поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан во беседата за време на молебенот на гробот на св. Кирил, денеска во базиликата „Сан Клементе“ во Рим.

Во својата беседа г.г. Стефан истакна дека „Светикириловиот гроб ископан длабоко покрај темелите на базиликата на „Св. Климент“ епископот Римски, за нас е незаменливо место за наша духовна обнова и поткрепа“.

Свети Кирил и денес не‘ повикува да гледаме на вера, љубов и надеж, на неговото човекољубие, на жртвата и храброста, рече поглаварот на МПЦ, додавајќи: „Тој и денес ни‘ укажува: да нема делење меѓу вас, туку да бидете соединети во еден дух и во една мисла“, истакна меѓу другото г.г. Стефан.

Во базиликата „Сан Клементе“, покрај државно-црковната делегација присуствуваа и многу Македонци кои живеат во Италија.

За време на престојот во Рим претседателот Иванов имаше аудиенција кај папата Бенедикт Шеснаесетти. Во рамките на културната програма, концерт одржаа етно-групата „Баклава“, женскиот хор при Македонскиот културен центар, беше отворена изложба на Државниот архив „Македонија низ вековите“ и актерот и режисер Петар Темелковски ја изведе монодрамата „Филип Втори“. Годинава се одбележува 1140 години од смртта на сесловенскиот просветител свети Кирил.

Автор: ЕМФ/миа

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми