1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ден на албанската азбука

Свето Тоевски22 ноември 2007

Во Македонија, годинава, првпат 22 ноември се одбележува како државен празник. На овој ден во 1908 година, Албанци интелектуалци од Балканот на конгрес во Битола ја унифицирале албанската азбука.

Фотографија: Aida Cama

По повод Денот на албанската азбука, во Старата чаршија во Скопје, денеска ќе биде отворен новиот Институт за културно и духовно наследство на Албанците „Пјетер Богдани“.

Шефот на Катедрата за албански јазик на Штуловиот универзитет во Тетово Веби Беџети истакнува: „Како оваа година никогаш на ниво на државна манифестација не било. Значи, му дава легитимитет една држава, како што е Македонија, една влада македонска, каде живееме сите овде, што не беше случај порано. Ние секогаш сме го празнувале, меѓутоа, врз база на приватни иницијативи“.

Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, ќе има за цел да ја презентира албанската култура без досегашните политички фрустрации и табуа“, велат неговите основачи. Професор Зеќир Кадриу од Штуловиот универзитет дополнува: – „Институтот, што се формира во рамки на Владата на Република Македонија, има за цел сите вредности, научни и културни, да ги собира за да можат тие да се манифестираат и да се развиваат“.

Буквите се чунови за пловидба по морето на знаењето

Дојче Веле ги праша експертите за албанологија во врска со практичното значење на создавањето на единствената азбука на оваа етничка заедница. Салајдин Мехмети професор на Катедрата за албанска книжевност и јазик на тетовскиот Државен универзитет нагласува: „Дотогаш се пишувале на многу азбуки и народот тогаш бил речиси неписмен и за да се создаде една општа култура на албански јазик, за да се соединат овие азбуки, да се претворат во една единствена азбука, за да продрат до сите пори на животот“.

Доктор Веби Беџети укажува: -„Не можеше да стане збор за единствен литературен албански јазик, кој го употребуваме денеска во Македонија, Косово, Албанија, насекаде во светот, ако не беше единствена азбуката“. Писателот и поет на албански јазик, Ибрахим Велиу заклучува на симболичен начин: „Творецот, кога се соочува со буквите, со нив како во чамец плови низ морето, со погледот вперен кон спротивната страна на брегот, каде што сака да стаса“.

Медиумите на албански јазик информираат дека сега руинираниот објект во Битола, каде што беше одржан конгресот за унифицирање на албанската азбука, ќе биде реновиран и ќе биде прогласен за Музеј на албанската азбука.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми