1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ден на борбата против расизмот

21 март 2008

На 21 март, Меѓународен ден на Обединетите нации против расизмот, што годинава се совпаѓа со католичкиот велипеток, луѓето во светот уште еднаш се потсетуваат на трагичниот феномен: расизмот.

Германскиот плакат за борбата против расизмот 2007

Збор е за горчлива иронија: расизмот, кој доминатно претставува ограничување на другите и на туѓинците, е феномен кој самиот не познава граници! Дали во времето на европскиот колонијализам или трговијата со робови при што таканаречените „црнци„ се третираа како подлуѓе, или за време на Третиот рајх и расистички поткрепениот Холокауст, за време на јужно-африканскиот апартхејд режим, или во Руанда кога припадноста кон Хуту или Тутси расата решаваше за животот или смртта, расизмот постоеше и постои во сите епохи на човечковата историја.

Што точно е расизам и врз кои основи почива?

Германската научничка Кристине Моргенштерн за ова ја разви следнава дефиниција:

„Постојат според мене, четири различни елементи. Првиот е дека расизмот секогаш разликува четири различни категории луѓе. Тоа значи во принцип, дека целото човештво е сместено во четири различни фиоки. Второ е дека секој човек и припаѓа на една од тие категории и тоа од раѓањето, значи промена не е можна. Трето е што на секоја категорија и’ се припишуваат конкретни особености. Тоа се однесува на духовните, културните, социјалните и карактерните особини, но и на способностите, темпераментот, на се можно што карактеризира еден човек. Тоа води кон конкретно вреднување на секоја од овие категории„.

Секој човек, вели Моргенштерн, може веднаш да именува две до три од овие категории.

Колку раси постојат?

Меѓутоа, во стварноста не постојат толку конкретни раси:

„Дека некој има различна боја на кожата од другите лесно може да се констатира. Меѓутоа, границата меѓу една боја на кожата и друга не може да се дефинира. Биолошки и научно тоа е невозможно. Затоа спомнатите фикоки се во основа погрешни„.

Таа оди натаму: независно од тоа каде живеат или на која раса навидум им припаѓаат, сите луѓе на светот во главата ги имаат истите фиоки и ранг-листи, без оглед колку се погрешни:

„ Тоа што расистичката, како што ја нарекувам - идологија, е глобално проширена, јас, и не само јас, го определувам како европски извозен артикл. Тоа што е толку проширена се гледа по тоа што насекаде во светот белата категорија е на првото место на топ-листата„.Примери за тоа има многу. Така, наводната супериорност на белите наспроти црните и натаму е проширена во светот. На друга страна, и индиските родители претпочитаат кога нивната ќерка се мажи, нејзиниот сопруг да биде малку посветол. Некои африкански жени ги тријат лицето и телото со светол крем, а во Доминиканската Република, во која бојата на кожата се запишува во пасошот, рубриката „негро„ се избегнува. Кој е црн официјално се регистрира како „оскуро„, односно темен. Според мислењето на Кристине Моргенштерн, расистичкото рангирање со белото на првото место се појави токму во времето на европската просвета. Со крахот на стариот, навидум божји поредок, и со истовременото откривање на нови земји, беа потребни нови оправдувања за опстанок на постојните и новите неправди на целата планета.

Расизмот им служи на моќните

Божјиот беше заменет со наводно природниот поредок. Тогаш и денес расизмот им служеше на интереисте на моќните, вели Моргенштерн:

„Затоа јас ја застапувам тезата дека расизмот секогаш им служи на оние што сакаат да го оттргнат вниманието од нивните привилиегии и интереси. Не е секогаш така, но најчесто им служи на оние што имаат интерес од тоа да профитираат„.

Со помош на расизмот е можно општеството да се подели на социјално слабо мнозинство и добростоечко малцинство. Вината за социјалните проблеми, невработеноста, нестабилноста, корупцијата или немирите – веќе според државата или епохата – е кај Кинезите или црните, кај Турците или Евреите. Во секој случај кај другите, кај туѓинците, а не кај властодржците чии привилегии остануваат недопрени.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми