Ден на германскиот пикник
3 октомври 2014
Дури 62 проценти од Германците сметаат дека е важно да се има национален празник. Но, како да се слави еден таков ден? Со телевизиско обраќање на претседателот? Мнозинството Германци се за тоа. Меѓутоа, за свечена седница на Бундестагот е 43 отсто од населението. Приближно ист број од нив сакаат да посетуваат изложби за германската историја во музеите.
Соодветно на тоа, „Куќата на историја на Сојузна Република Германија“ во Бон за Денот на германското единство подготви изложба под име „Свечена манифестација или пикник? Германски празници“. Изложбата која е отворена до 6 април наредната година е посветена на политичките празници и деновите на сеќавање, кои играат важна улога во германската култура на негувањето на минатото.
На 3 октомври 1990. година. Германската демократска република (ДДР) официјално пристапи кон Сојузна Република Германија (БРД). Оттогаш, Германците го слават „Денот на германското единство“ како свој национален празник. Но, како беше пред 1990. година? Дали имаше национални празници?
17. јуни? 9. ноември? 3. октомври?
Со прогласување на Германското кралство, на 18 јануари 1871 година во Версај, родена е Германската национална држава. Набрзо потоа, народот бара тој ден да се слави како национален празник. Меѓутоа, царот Вилхелм не се согласи со тоа, бидејќи точно пред 170 години, на 18 јануари 1701 година, е крунисан првиот пруски крал. Затоа прусот Вилхелм бара 18. јануари да биде ден на сеќавање на крунисувањето.
За време на Вајмарската република национален празник бил 11 август, бидејќи претседателот Фридрих Еберт тој ден во 1919 година потпишал нов Устав. За време на нацистичкиот режим, од 1933 година, Први мај бил „Ден на државноста на германскиот народ“. Во поделена Германија, постоеја два национални празника: во ГДР тоа беше 7 октомври, ден на официјално формирање на државата во 1949 година, а Западна Германија го одбележуваше и 17 јуни како ден на народното востание на граѓаните на ДДР, кои во 1953 година се побунија против сталинистичкиот режим.
Кога на 9 ноември 1989 година падна Берлинскиот ѕид, беше јасно дека овој датум би требало да биде прогласен за германски национален празник. Но тоа не се случи затоа што тоа е и датум на Кристалната ноќ 1938 година, кога започна погромот на Евреите. И така Германија го „доби“ 3 октомври.
Нема причина за фанфари
Во други земји, националните празници се слават шарено и помпезно - со големи огномети и воени паради. На пример, во Франција која го одбележува бунтот кај Бастиља на 14 јули 1987.
„Трети октомври во Германија е, меѓутоа, без патетика“, вели доктор Туја Рот, кустос на изложбата во Бон. Околу 63 проценти од Германците сметаат дека е важно да се негува сеќавањето на историските настани. Меѓутоа, малкумина од нив сакаат „активно“ да учествуваат во сеќавањето на тој ден: 46 насто, или речиси половина од Германците, не планира „ништо специјално“, а 29 проценти велат дека тој ден ќе се наспијат. Притоа, ширум Германија се одржуваат многу фестивали и други пригодни настани.
Туја Рот потсетува дека „одлучувајќи се за 3. октомври, Хелмут Кол секогаш истакнувал дека е тоа есенски ден, кога времето е уште убаво па граѓаните можат да го искористат за славење и за пикник. Таа верува дека значењето на 3 октомври ќе се зголеми во иднина. „Тоа е многу млад национален празник, потребно е време да се развие.“