Клучната операција која доведе до конечен пораз на нацистите, самоубиство на Хитлер и пад на престолнината на Третиот Рајх се одвиваше од 16 април до 2 мај. Силите на Црвената армија, со големи жртви, успеаја да го освојат градот и да му го нанесат конечниот пораз на нацизмот.
Во следната фотогалерија потсетуваме на „Битката за Берлин“ низ архивски фотографии направени за време на операцијата на советските сили пред 75 години:
Пред 75 години заврши Втората Светска Војна со капитулација на нацистичка Германија пред антифашистичката коалиција. Решавачки притоа беше падот на престолнината на Третиот Рајх по операцијата на советските сили.
Фотографија: picture-alliance/akg-images„Што ќе посееш, тоа ќе пожнееш - од судбината не се бега“. Советските војници во ослободениот Берлин. Битката за градот траеше од 16 април до 2 мај 1945 година. Оваа фотогалерија содржи неколку фотографии направени пред 75 години во Берлин и на периферијата на градот.
Фотографија: picture-alliance/akg-imagesСоветската артилерија на периферијата на градот започнува да го гранатира Берлин.
Фотографија: picture-alliance/akg-imagesУлични борби во градот за време на нападот во Берлин.
Фотографија: picture-alliance/akg-imagesСоветски тенк поминува покрај натписот „Берлин ќе остане германски“.
Фотографија: picture-alliance/akg-imagesСоветските војници се подготвуваат да пукаат со противтенковско оружје во областа Кепеник во југоисточен Берлин.
Фотографија: picture-alliance/akg-imagesПлакатот „Напред, Сталинградци, победата е близу!“ - една од фотографиите направени во Берлин од воениот дописник Евгениј Халдем. Кадарот веројатно е наместен.
Фотографија: picture-alliance/RIA NowostiЦрвеноармејците за време на нападот на Берлин се движат кон Рајхстагот.
Фотографија: picture-alliance/akg-imagesРазурнатиот Рајхстаг во срцето на Берлин.
Фотографија: picture-alliance/RIA NowostiЗнамето на победата над Рајхстагот. Фотографија на Владимир Гребнев, направена на 2 мај 1945 година по прекинот на уличните борби во Берлин.
Фотографија: picture-alliance/RIA NowostiВеројатно местото каде што биле запалени телата на Адолф Хитлер и Ева Браун, кои извршиле самоубиство на 30 април 1945 година.
Фотографија: picture-alliance/akg-imagesВојници на Црвената армија во големата галерија на уништената нова канцеларија на Рајхот, официјалното седиште на Адолф Хитлер.
Фотографија: picture-alliance/akg-imagesГермански војници кои се обиделе да избегаат од заробеништво облекувајќи се во женска облека. Фотографијата е направена на 11 мај 1945 година.
Фотографија: picture-alliance/akg-images