1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

240311 Wahlen 2011

28 март 2011

Денеска (27.03.2011) на изборите за покраинските парламенти во Баден Виртемберг и Рајнланд-Пфалц ЦДУ и ЦСУ и Либералите со стиснато срце го очекуваат резултатот, Социјалдемократите и Зелените се надеваат на успех.

Курт Бек и Штефан МапусФотографија: dapd

Во покраината Баден Виртемберг се заканува промена на власта по цели 58 години. Таму моментно владее коалиција од христијанските демократи и либералите, исто како и на сојузно ниво. Но, последниве години таа ја загуби омиленоста кај избирачите. Прво, заради повеќемесечниот спор со масовни протести заради градењето нова и многу скапа железничка станица во Штутгарт, а потоа и заради актуелната дебата околу безбедноста на германските нуклеарки. Премиерот на покраинската влада Штефан Мапус од ЦДУ, преку ноќ се претвори од горлив заговорник на атомската енергија во внимателен скептичар:

„Атомските централи кои не ги исполнуваат безбедносните услови ќе бидат исклучени - и тоа не за седум, 15 или 20 години, туку веднаш.“

Социјалдемократите и Зелените се надеваат на успех

Наспроти ваквите изјави на Мапус во последно време и одлуката на неговата сопартијка од Берлин, Ангела Меркел привремено да ја повлече непопуларната одлука за продолжување на работата на нуклеарките за во просек 12 години, Христијанско демократската партија ја губи довербата. Затоа Партијата на зелените доживува вистински подем, дотолку повеќе што на јавното расположение многу влијае и атомската катастрофа во Јапонија. Анкетите на јавното мислење предвидуваат дека Зелените би можеле дури да станат водечка сила во покраинскиот парламент во Баден Виртемберг и заедно со социјалдемократите да формираат нова владина коалиција.

Курт Бек и Јулија Клекнер од ЦДУФотографија: picture alliance/dpa

Курт Бек го знае рецептот

Во соседната покраина Рајнланд-Пфалц, веќе 17 години на власт е социјалдемократот Курт Бек. Од претходните покраински избори во 2006 година тој дури владее со апсолутно мнозинство. Неговиот татковски пристап кон граѓаните очигледно има голем успех:

„Тоа е мојот начин да водам политика. Сметам дека е задача на политичарите да ја надминат бездната што се создава меѓу нив и граѓаните...“

Неколку афери поврзани со политичари од неговата влада оставија дамки врз нејзиниот имиџ, но тој е и понатаму најомилен политичар во покраината. Прогнозите велат дека опозициската Христијанско- демократска унија му е зад петици на социјалдемократот Курт Бек, но дури и кога таа би освоила поголем број гласови, нејзиното владеење би било под знак прашање, затоа што политички блиските Либерали оправдано се плашат дека можеби нема воопшто да бидат застапени во идниот состав на покраинскиот парламент. Така и во Рајнланд-Пфалц најверојатна е коалиција на Социјалдемократите и Зелените.

Винфрид Кречман од Зелените очекува пробив во Баден ВиртембергФотографија: picture alliance/dpa

Доколку се потврдат ваквите проекции на анкетите за двете важни покраини на југот од Германија, тогаш двете партии на власт во Берлин ќе се соочат со тешки времиња. Канцеларката Ангела Меркел може да очекува негодувања и турбуленции во нејзината Христијанско-демократска унија, а вице-канцеларот и претседател на Либералната партија, Гидо Вестервеле, може да биде соочен дури и со сериозен притисок за напуштање на лидерската функција.

Автор: Дорис Краних/Рихард Фукс/ Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми