1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

„Ден на слободата“: славје и критика

СН/агенции
19 јули 2021

И покрај предупредувањата од научниците и опозицијата, британската влада од денеска укина речиси сите ковид-рестрикции за Англија. Притоа, меѓу другото отпаѓаат и обврските за физичка дистанца и носење маска.

Großbritannien Leeds | Feier nach Aufhebung aller Corona-Maßnahmen
Фотографија: Ioannis Alexopoulos/AP Photo/picture alliance

Речиси сите заштитни мерки против коронавирусот се укинати во Англија, каде денешниот ден е прогласен „Ден на слободата“, и покрај огромниот и растечки број на заразени во Велика Британија во последните неколку недели.

Стадионите и големите сали  од денеска се отворени со полн капацитет како и дискотеките, а повеќе нема  ограничувања ниту за угостителските објекти и пабовите.

Носењето заштитна маска повеќе не е задолжително, но се препорачува во јавниот превоз и продавниците. Работата од дома веќе не е задолжителна.

Фотографија: Jonathan Brady/PA Wire/picture alliance

Исклучоци важат во Лондон, каде градоначалникот Садик Кан од опозициската Лабуристичкат партија сака да одржи построг курс кон коронавирусот отколку британската влада. Во другите делови на Велика Британија - Шкотска, Велс и Северна Ирска, кои се независни во однос на здравствената политика, - укинати се само некои од мерките против коронавирусот.

Повеќе:

-Англија: Турканици пред продавниците, фризерските салони и пабовите

-Англија во целосен карантин – болниците пред колапс

Владата на конзервативниот премиер Борис Џонсон го оправда многу контроверзниот чекор на отворање со високата стапка на вакцинација во земјата. Повеќе од две третини од возрасните се веќе целосно вакцинирани.

Фотографија: DANIEL LEAL-OLIVAS/AFP

Сепак, во Обединетото Кралство, во последните неколку недели има зголемување на бројот на заразени лица. Два дена по ред, регистрирани се повеќе од 50.000 случаи на Ковид-19.

Меѓу заразените е и министерот за здравство Саџид Џавид, кој е во самоизолација. Поради контакт со него во самоизолација се и британскиот премиер Борис Џонсон и  министерот за финансии Руши Сунак.  Задолжителната самоизолација при контакт со заразено лице е една од мерките кои остануваат во сила. 

Велика Британија, во моментов има значително помалку смртни случаи отколку во претходните бранови на коронавирусот. Меѓутоа, научниците предупредуваат дека наглото зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 ќе го стави повторно пот притисок здравствениот систем. Околу 550 пациенти во моментов се лекуваат на одделите за интензивна нега. Во екот на вториот бран во јануари, тој беше изнесуваше повеќе од 4.000.

 

     

   

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми