1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Дерби на колото: Хофенхајм против Бајерн

Томас Клајн
8 септември 2017

Во дербито од третото коло во Бундеслигата Хофенхајм ќе го пречека минхенски Бајерн. Во фокус ќе биде двобојот меѓу најдобриот голгетер на германската лига Роберт Левандовски и голманот домаќин Оливер Бауман

Deutschland TSG 1899 Hoffenheim - FC Bayern München | Jubel
Фотографија: picture alliance/Promediafoto/M. Deines

Тој е еден од најдобрите играчи на светот- Роберт Левандовски. Во првите две кола во Бундеслигата полскиот напаѓач во редовите на Баварците постигна 3 гола. „Тој очигледно секогаш е опасен, секојпат кога е на теренот, ја затресува мрежата.“

Но и на Левандовски ќе му биде тешко во дуелот против голманот на Хофенхајм. Минатата сезона Оливер Бауман одбрани 75 отсто од ударите на гол- тоа беше најдобар резултат во Бундеслигата.Ова ќе биде дефинитивно најважниот дуел во мечот меѓу Хофенхајм и Бајерн. 

„Тоа ќе биде одличен натпревар. Секој играч и секој тренер сака да ги одмери силите со еден од најдобрите клубови во Европа. Ние се радуваме на дуелот.“, вели тренерот на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман. 

Хофенхајм никогаш не загубил против Бајерн откако Нагелсман е тренер. Ќе успее ли да ја продолжи таа низа против рекордерскиот првак на Германија? Или на крајот повторно ќе се смее- Левандовски? Натпреварот започнува во сабота во 18 часот и 30 минути.

Дуел на колото: Левандовски- Бауман

01:18

This browser does not support the video element.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми