1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дерби со карактер на финале

СН/ЕМФ/дпа/сид11 април 2012

Денеска се игра вториот дел од 30. коло во Бундеслигата. По синоќешните мечеви, Келн и Херта се поблиску до втората лига. Денеска пак, се’ е под знакот на супердербито во Дортмунд.

Фотографија: picture-alliance/dpa

За екипите на Херта од Берлин и Келн опстанокот во првата фудбалска Бундеслига изгледа се’ подалечен. Берлинчани синоќа (10.04) на домашен терен загубија од конкурентот во битката за опстанок Фрајбург со 2:1 и на четири кола пред крајот и натаму се претпоследни на табелата. Келн исто така во дерби на дното на табелата загуби на гости во Мајнц со високи 4:0 и со тоа останува на 16. место, кое значи играње плејаут двомеч со третопласираниот од втората лига. Еден поен повеќе од Келн има 15. Аугсбург кој исто така мора да стравува за опстанокот по вчерашниот пораз на домашен терен од Штутгарт со 3:1. Со тоа Штутгарт обезбеди значајни поени во трката за пласман во еврокуповите. Неговите конкуренти Вердер Бремен и Борусија Менхенгладбах синоќа одиграа нерешено 2:2.

Вечерва (11.04) на програмата се преостанатите мечеви од 30. коло. По повеќенеделното подгревање на атмосферата, вечер во Дортмунд ќе се одигра супер-дербито на сезоната во Бундеслигата кое има карактер и на финале. Имено, по дуелот на двете првопласирани екипи во Бундес лигата - Борусија Дортмунд и Бајерн, ќе се знае дали баварците ќе останат во трката за титулата или пак бранителот на титулата ќе ја зголеми разликата на врвот на табелата. Натпреварот во живо ќе се пренесува во 200 земји во светот. „За вакви врвни мечеви се игра фудбал“, порача капитенот на Бајерн и на германската репрезентација, Филип Лам.

Вечерва се играат и натпреварите: Бјаер Леверкузен – Кајзерслаутерн, Хановер – Волфсбург, Нирнберг – Шалке 04 и Хофенхајм – Хамбургер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми