Десетици загинати во напад врз суд во Авганистан
3 април 2013Според информации на авганистанските власти, меѓу загинатите во нападот се и деветтемина напаѓачи. Претходно, министерството за внатрешни работи во Кабул соопшти дека загинале шестмина војници и четворица полицајци, а останатите загинати се цивили.
Според наводи на официјални лица, за време на судскиот процес против неколкумина бунтовници, петмина екстремисти ја нападнале судската зграда во провинцијата Фарах, регион кој е во близина на Иран. Притоа, најмалку еден од напаѓачите се кренал самиот во воздух. Агенциите пренесуваат и дека се случила уште една експлозија на автомобил бомба, како и дека имало престрелка на другите напаѓачи со безбедносните сили. Покрај судот, нападнати биле и обвинителството и една приватна банка.
Талибанците веќе презедоа одговорност за нападот. Во соопштение на нивната интернет страница тие тврдат дека нападот е реакција на информацијата оти на талибанските борци кои требало да бидат изведени пред суд им претстои „ужасен“ судски процес.