1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десетици мртви во самоубиствени напади во Пакистан

БГ/макфакс3 октомври 2013

Најмалку 17 луѓе се убиени, а други 22 се ранети денеска (03.10.) во северозападен Пакистан во двоен самоубиствен напад на локалните талибански бунтовници врз припадници на ривалската исламистичка група.

Фотографија: Reuters

Портпаролот на пакистанските талибанци го потврдил нападот обвинувајќи ги припадниците на локалната полиција на мулата Наби Ханафи дека се спротиставувале на нивната идеологија, најавувајќи нови напади кон сите оние што не се придржуваат до прописите на талибанците и се борат против нив. Ханафи бил водач на исламистичка антиталибанската милиција во паштунскиот племенски регион Оракзаи, во близина на границата со Авганистан.

Возачот самоубиец се забил со автомобил полн со експлозив во оградата на резиденцијата на Ханафи, а потоа неговите талибански соборци тргнале во напад со автоматско оружје, соопштиле безбедносни извори. Според истиот извор, Ханафи бил ранет, меѓутоа го преживеал нападот.

Оракзаи е една од седумте полуавтономни паштунски племенски северозападни области во кои централната власт на Исламабад нема контрола и во кои, според безбедносни извори, се наоѓаат упориштата на пакистанските талибанци и со нив поврзаните борци од Ал Каеда. Пакистански безбедносни функционери тврдат дека 92 отсто од територијата на Оракзаи е исчистена од бунтовниците.

Нападите на пакистанските талибанци се интензивираа од 2007 година, од кога цел на нивните напади и атентати се припадници на пакистанските безбедносни сили, антиталибанските милиции и политичари, како и припадници на шиитското малцинство.

Неодамна пакистанската влада предложи преговори со талибанците за да се сопрат атентатите. Бунтовниците од TTP прво бараа како предуслов да бидат ослободени од затворите нивните соборци и воените сили да се повлечат од племенските зони меѓу Пакистан и Авганистан. Меѓутоа, во средата објавија дека преговорите не се можни додека не бидат прекинати нападите на американските беспилотни летала во северозападен Пакистан.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми