1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десет нови случаи на ХИВ/СИДА во Македонија

30 ноември 2011

Најновите податоци на Иститутот за јавно здравје во Македонија велат дека се регистрирани 142 случаи со ХИВ/СИДА, а во светски рамки бројот достигнува 34 милиони.

Фотографија: dpa

Податоците денеска ги соопшти директорот на Институтот, Шабан Мемети на прес-конференција по повод 1 Декември - Светски ден за борба против СИДА.

Логото на годинашната акција е „Визијата за свет со нула ХИВ-инфекции, нула дискриминација и свет со нула смртни случаи асоцирани со СИДА“.

Мемети рече дека бројот на новите ХИВ-инфекции постојано се намалува и се‘ поголем број лица, почнуваат со антиретровирусна терапија, која моментно ја примаат 6,6 милиони лица.

Од регистрираните 142 случаи со СИДА во Македонија 117 се машки, а 25 женски лица. Најголем број регистрирани има во Скопје - 54, а потоа следат Тетово, Прилеп, Кичево, Охрид итн. Во Македонија во моментов со ХИВ?СИДА живеат 76 лица, а починати се 66.

Африка е најпогоден континент од болестаФотографија: picture-alliance/dpa

Годинава во Македонија се регистрирани 10 случаи со ХИВ. Од нив седум имаат СИДА (шест машки и едно женско лице), од кои три машки лица има во Скопје и по едно лице во Охрид, Велес и Куманово и едно женско лице во Битола. Од 10-те случаи три се ХИВ-позитивнии и тие се од Гостивар, Куманово и Скопје.

Стапката на ХИВ-инфекции во Европа е највисока во Украина - 35,4 отсто на 100.000 жителии Естонија - 31 отсто на 100.000 жители, а потоа следат Англија (10,7 отсто на 100.000 жители), Белгија (10,3 отсто на 100.000 жители), а најниска стапка е регистрирана во Романија (0,7 отсто на 100.000 жители) и Словачка 1 отсто на 100.000 жители.

Доминантен начин за ширење на ХИВ-вирусот во источниот регион на Европа е интравенското инјектирање дрога, хетеросексуалните односи.

Автор: ЖА/ГЧ/миа

Редактор: Ж.Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми