1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дете од Гватемала почина во имиграциски притвор во САД

ЕМФ / дв
26 декември 2018

Уште едно дете од Гватемала почина во имиграциски притвор во САД. Осумгодишното момче било сместено во притворот за мигранти во американската сојузна држава Њу Мексико.

USA Migration Kinder
Илјадници луѓе од Централна и Јужна Америка сакаат да влезат во САДФотографија: Reuters/A. Latif

Надлежните тврдат дека детето заедно со татко му било „веднаш“ однесено во болница откако станале видливи „знаци на можна болест“. Лекарите прво дијагностицирале „обична настинка“, но момчето подоцна имало зголемена температура. Откако во болницата било на набљудување околу еден и пол час, детето е отпуштено. Препишани му биле лекови.

Ноќта на 24 декември момчето почнало да чувствува мачнини и да повраќа. Повторно било однесено во болница, но починало нешто по полноќ. Официјалната причина за смртта сѐ уште не е објавена. Ќе биде отворена независна истрага.

На 8 декември во имиграциски притвор почина и седумгодишно девојче од Гватемала. Медиумите информираат дека девојчето било „дехидрирано“ и во „шок“.

Демократската пратеничка Нидија Веласкез побара опсежна истрага на најновиот смртен случај. Таа побара и ставање „крај на политиката на американската влада полна со омраза, политиката која е опасна и полна со непријателство кон странците“.

Повеќе:

Шлаканица за Трамп: Американски суд нареди спојување на бегалските семејства

Спортско игралиште на кое завршуваат сите соништа

Заострената борба против доселениците од Латинска Америка е една од тежишните точки на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп. Праксата на американската гранична служба да ги одвојува децата од родителите на граница, предизвика огромен гнев во јуни годинава, по што беше ставен крај на таквите постапки.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми