1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Децата ја прашуваат Меркел, таа се „снаоѓа“

ЕМФ / дв
19 септември 2017

Вакво нешто досега немало: непосредно пред избори, канцеларката речиси еден час одговараше на детски прашања. Тоа и не е некоја парадна дисциплина за Меркел, но како што се покажа: канцеларката научила да се снаоѓа.

Bundeskanzlerin Angela Merkel
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer

Премиера за канцеларката - Ангела Меркел на мала бина во изборниот штаб на ЦДУ, а пред нејзе околу 100 деца полни со очекувања. Еден час време за да ѝ поставуваат прашања на канцеларката. „Искрено, вакво нешто никогаш не сум направила“, признава шефицата на ЦДУ со насмевка. Ќе мине ли сѐ добро?

Средби со деца не се некоја парадна дисциплина за канцеларката, која на берлинската политичка сцена од некои полунаклонето-полупотсмешливо се нарекува „Мути“ (мајкичка). Набљудувачите тврдат дека Меркел на средбите со деца се забавува, само што делува некако здрвено и беспомошно.

Изборниот штаб на ЦДУ, се чини, многу полагаше на отворениот семеен ден и „прес-конференцијата за деца“. Почетокот беше добар, со огромен аплауз. Би било чудно да е поинаку, кога во штабот доаѓаат пред сѐ посетители кои ѝ се наклонети на ЦДУ. Канцеларката делува опуштено, радосно. Далеку од неубавите сцени на кампањата од изминатите недели. Пред сѐ на настапите на јавни места во источна Германија беше пречекувана со омраза и отфрлање. На семејниот ден во ЦДУ има насмевки, расположението е добро. А, Меркел, добро подготвена одговара на секое детско прашање. Ако одговори со некој странски збор, веднаш повторува пронаоѓајќи германски израз. Многу од прашањата се однесуваат на приватниот живот на канцеларката. Меѓу нив и за најубавото доживување во нејзиниот живот.

Одговорот на Меркел можете да го видите овде:

Меркел и децата

00:58

This browser does not support the video element.

Некој можеби ќе ѝ забележи на Меркел што наместо втор ТВ-дуел во предизвикувачот од СПД, Мартин Шулц, одбира вакви средби. Но, убавите снимки со деца можеби ќе мобилизираат повеќе избирачи? Изборите сѐ уште не се добиени, тоа постојано го нагласува и канцеларката.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми