1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Се истражува случајот со заболените деца во Гевгелија

ДТЗ
9 јули 2021

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека децата се негативни на Ковид, но допрва ќе се испитува за каква инфекција станува збор.

Nord-Mazedonien Gesundheitsminister Venko Filipce
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Како 50-тина деца и бебиња во Гевгелија среде лето заболеле од респираторна инфекција? Ова ќе го истражува тим од Детската клиника заедно со лекарите во Општата болница во Гевгелија, кој треба да утврди со каква респираторна инфекција заболеле децата во овој град. Освен во Гевгелија нема пријавени вакви случаи во други градови. Ова го потврди денеска и министерот за здравство, Венко Филипче. Тој информираше дека тестовите за Ковид-19 кај децата биле негативни. 

Министерството за здравство вчера објави дека вкупно 50 деца и бебиња од Гевгелија во изминатиов месец побарале лекарска помош во локалната општа болница, со симптоми на респираторна инфекција кои не се типични за овој период од годината.

-повеќе на темата: С. Македонија: Што ќе се случи кога Ковид-19 ќе „се сретне“ со сезонскиот грип?

Тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ заминаа во општата болница во Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика. 

Во моментов во болницата се хоспитализирани само две бебиња, поради возраста, а околу 20 деца се на терапија, но не се задржани во болница. „Општата болница во Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи и по завршувањето на истите јавноста ќе биде информирана“, информираше вчера Министерството за здравство. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми