1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дејвид Боуви и Берлин

Б. Колб/Б. Георгиевски27 мај 2014

Дејвид Боуви и Берлин- взаемна љубовна приказна. Од 1976-1978 година, уметникот живееше во градот и го вметна Берлин на картата на глобалната поп-култура. За Боуви тоа беше еден извонредно влијателен и продуктивен период

Фотографија: imago/LFI

Колку продуктивен- тоа може денес да се види на изложбата во музејот Мартин Гропиус. Камелеонот на Попот, секогаш гламурозен и во 1976-та, веќе светска ѕвезда. Берлин во тоа време е поделен град, со историски лузни, од Втората светска војна и Студената војна. Осамен остров. Тука, Боуви можеше да закрепне од ексцесите со дрога и да биде дел од една креативна супкултура.

„Периодот минат во Берлин беше апсолутно круцијален за неговиот развој. Тој веќе беше многу заинтересиран за посебниот вид на германска електронска музика која очигледно имаше големо влијание врз неговата музија, особено врз Low и Heroes“, вели кураторот на изложбата Џефри Марш.

Три албуми се снимени во легендарните Ханза студија. Heroes- песната на Берлин, наводно била инспирирана од еден љубовен пар на Зидот.

Дел од изложбата во БерлинФотографија: DW/H. Mund

Боуви ги сакал германските експресионисти- тие му биле подлога за коверот на албумите. И самиот сликал во Берлин. Две, уметнички интензивни години.

Клучот од неговиот тогашен стан, Боуви го задржал. Хауптштрасе 155 во Шонеберг. На првиот кат- седум соби.

„Денес во станот живее едно либанско семејство- во некој вид луксуз. Дејвид Боуви не го познаваат, но секојдневно се соочуваат со фанови кои неретко звонат на нивното звонче. Ми беше дозволено да го видам станот, но не и да снимам“, вели репортерката на ДВ, Бетина Колб.

Веќе со недели Берлин е во Дејвид Боуви треска поради изложбата. Не е тоа никакво чудо- тој го направи овој град прочуен и познат.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми