Дејвид Камерон испратен со овации од парламентот
13 јули 2016Реклама
Дејвид Камерон го имаше последниот настап како британски лидер во парламентот денеска, и успеа да ги претвори традиционалните пратенички прашања во вистинско шоу во кое имаше и фалби и критики, благодарност и понекоја закачка, а на крајот заврши со стоечки овации од пратениците.
49-годишниот Камерон ја напушта функцијата откако гласачите на референдум го одбија неговиот совет да гласаат за останување во ЕУ. Во текот на денот тој формално ќе и ја врачи својата оставка на кралицата Елизабета Втора и ќе и ја предаде должноста на наследничката, Тереза Меј.
Својот говор, Камерон го заврши со самокритика:
„Како што еднаш реков, и јас бев некогаш иднината“- реченица која самиот Камерон првпат ја изговори кога Тони Блер заминуваше од функцијата.