1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку пари од граѓаните сe одлеале во приватното здравство?

ДТЗ
22 јули 2022

За време на пандемија, поради немање доволно термини за ковид тестирање во Јавните здравствени установи (ЈЗУ) од џебот на граѓаните се одлеале над 18,6 милиони евра во приватното здравство.

China Coronavirus Symbolbild
Фотографија: Reuters/D. Ruvic

За време над пандемијата, поради немање доволно термини за ковид тестирање во Јавните здравствени установи (ЈЗУ) од џебот на граѓаните се одлеале над 18,6 милиони евра во приватното здравство. Државниот завод за ревизија по увидот во документацијата на ФЗО, укажува дека причина за тоа се и несклучените договори со Приватните здравствени установи (ПЗУ) за дијагностицирање на Ковид -19, поради што не се обезбедени доволно здравствени услуги за осигурениците на товар на Фондот.

Според објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од почетокот на пандемијата на ниво на држава извршени се вкупно 1.962.489 тестови во 33 приватни и јавни лаборатории, од кои 1.337.238 се ПЦР тестови, а остатокот се брзи антигенски тестови. 

Слабости и контроли 

Ревизорите нагласуваат дека е неопходно Министерството за здравство да преземе активности за обезбедување на потребните услови во ЈЗУ, како би се постигнала поголема конкурентност на јавното здравство во областа на вршење на кардиоваскуларно-хируршки здравствени услуги. „Постои нерамномерен сооднос при вршењето на кардиоваскуларно – хируршки здравствени услуги во 2019 и 2020 година меѓу ЈЗУ и ПЗУ. Имено, Фондот има склучено договори со три ЈЗУ и две ПЗУ за што се исплатени 1.254.330 илјади денари од кои 95 отсто од услугите се вршат во ПЗУ. Најголем дел од услугите во ЈЗУ се извршени од ЈЗУ УК за државна кардиохирургија која иако располага со квалификуван кадар, ги нема потребните просторни услови, што неповолно влијае на обемот на вршењето на здравствената дејност“,, се вели во извештајот на ДЗР.

Со извршената ревизија се констатирани се и слабости во спроведувањето на интерните и теренските контроли при потврдувањето на објективноста на фактурираните медицински интервенции реализирани од ПЗУ.
– Поради здравствената криза во 2020 година бројот на теренски контроли кај здравствените установи е намален за 74 проценти со што се зголемува ризикот од признавање и плаќање на здравствени услуги во вид и обем различен од реално извршениот. Според презентираните информации, во 2020 година извршени се вкупно 83 контроли кај здравствени установи, наспроти 472 во 2019 година, констатираат ревизорите. Најмал број контроли се извршени кај здравствените установи од болничка здравствена заштита, чии договорни надоместоци се највисоки, а кај истите се утврдени неправилности во 85 отсто случаи.

Лекување во странство

Во постапките за упатување за лекување во странство на осигурените лица не е обезбедена соодветна правна заштита и контрола, ниту пак систем на следење и анализи на успешноста на лекувањето. Фондот има евидентирано аванси за лекување во странство дадени на странски здравствени установи во износ од 209.772 илјади денари, за кои нема точни информации за статусот на лекувањата поради необезбедена документација, се вели во извештајот на ДЗР.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми