Дивац се прости од професионалната кошарка
23 септември 2007Реклама
Познатиот српски кошаркар Владе Дивац пред 10000 поддржувачи во Белград синоќа се прости од професионалното играње. Некогашниот репрезентативец покрена и акција за помош на бегалците и раселените лица. “Сега почнува мојот најважен натпревар и најдобриот тим оди во најголемата победа – да им помогне на луѓето кои останаа без земја, куќи и пријатели и кои живеат во недостоинствени услови”, порача Дивац. Инаку на спектакуларното простување присуствуваа кошарските ѕвезди како Александар Џорџевиќ, Предраг Даниловиќ, Зоран Савиќ и Жарко Паспаљ, како и повеќе познати ѕвезди од НБА лигата каде играше Дивац.