1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Дигиталната Фукушима“ на Ангела Меркел

Кај-Александар Шолц/Жана Ацеска13 декември 2013

560 автори од цел свет се спротиставуваат - претераниот надзор на комуникациите на интернет ја загрозува демократијата. За тоа тие сакаа да разговараат и со канцеларката Меркел, но таа не реагираше на понудата.

Фотографија: imago/avanti

Листата е импресивна и станува подолга од час во час. Неколку стотици автори од цел свет ја потпишаа петицијата против масовното надгледување од страна на тајните служби и собирањето податоци од граѓаните од страна на комуникациските компании. Меѓу нив се бројни добитници на Нобеловата награда за литература, како Гинтер Грас и Орхан Памук.

Акцијата (заедно со четворица колеги) ја покренаа германските писатели Јулија Це и Илја Тројанов.

„Пред шест недели се обидувавме да добиеме реакција од германската канцеларка Ангела Меркел на скандалите со прислушување и ништо не се случи“, изјави Це во Берлин, на претставувањето на акцијата. Со помош на меѓународен протест, гласи идејата, да се зголеми притисокот врз германската канцеларка: „Знаеме дека Ангела Меркел реагира на јавното мислење“.

Во случајот „дигитална Фукушима“ Меркел би станала предводник во борбата за заштита на податоците, вели Це. Нејзиниот колега Тројанов бара промена на дискурсот: „Се работи за епохален пресврт, а не за ситни корекции во однос на слободата и безбедноста“.

Од претставувањето на иницијативата во БерлинФотографија: DW/Heiner Kiesel

Егзистенцијални права

Апелот на авторите е објавен во 30 весници во цел свет, тврдат иницијаторите. Писателите сметаат дека е повредено егзистенцијалното, темелно право на граѓаните според кое никој нема право да ги надгледува или прислушува.

„Ако не се бориме за тоа, тогаш можеме да се простиме од демократијата“, предупредува данската авторка Јане Телер.

Со протестот е поврзана цела низа барања упатени на адреса на концерните, националните влади и меѓународната заедница. Секој граѓанин треба да има право сам да одлучи за тоа што ќе се случува со неговите лични податоци, кој ќе ги собира и зошто. ОН треба, велат иницијаторите, да го признае централното значење на граѓанските права во дигитална ера, а потребно е и донесување на задолжителни меѓународни конвенции за дигитални права. Авторите сакаат да отворат листа за сите граѓани, кои би можеле и сами да ја потпишат и иницијативата да стигне на дневен ред на ОН.

Ангела Меркел не реагира на барањето на писателитеФотографија: Reuters/Fabrizio Bensch

Каде е Германија?

Организаторите на петицијата се длабоко разочарани од досегашните реакции на откритијата во врска со шпионирањето на тајните служби.

„Очекував решителна реакција, посебно од Германија“, изјави британската авторка Прија Бесил. Во екот на економската кризаГерманија покажа дека почнува да презема водечка улога, затоа авторката очекувала дека од Берлин ќе стигне „морален импулс“. Британката е разочарана од германската реакција. Нејзината данска колешка Телер воопшто не се чуди на молкот на германската влада:

„Па тие се сите до гуша во истата работа“.

Иницијаторите објаснуваат дека досегашниот начин на однесување кон приватната сфера е проблем за секој одделен граѓанин.

„Луѓето мораат да го изострат чувството за неправдата која им се случува“, инсистира Австријката Ева Менасе.

„Ние не сакаме нашите писма да ни ги отвораат соседите или сопрузите, а зошто би дозволиле тоа да го прават тајните служби“. Менасе додава дека општеството кое е под постојана контрола, не може да биде демократско и слободно.

Граѓаните и онака мислат дека се немоќни со оглед на доминацијата на надгледувачкиот апарат, критикува австриската писателка и порачува: „Ние можеме сепак нешто да направиме, регулацијата е можна“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми