1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дизајнерите одблизу

5 јули 2009

На седум модни саеми во Берлин беа презентирани над илјада колекции. Кон ова се дополнуваат модните ревии и презентациите на штандови под отворено небо.

Мода во БерлинФотографија: picture-alliance/ dpa

Некогашниот аеродром Темпелхоф, поранешната поштенска и товарна железничка станица, објектот на една од старите пекарници или луксузниот салон во хотелот Адлон – сите овие објекти понудија модниписти. На нив четири дена се претставија докажани, но и иновативни дизајнери од светската мода. Берлинчани и многу гости ги видоа последните колекции на мајсторите на модата почнувајќи од Boss и Calvin Klein, преку Stella McCarttney, Cacharel, La Perla, до берлинските дизајнери penkov Berlin, Lala Berlin, Klilan Kerner.

Недела на модата во БерлинФотографија: AP

Најголоемо внимание меѓутоа секако предизвика викенд манифестацијата „Вединг дрес“ во истоимениот работнички и мигрантски кварт за што Оливија Штајнвег одговорна за организацијата од агенцијата „Гранма“ кажува: „Ние правиме модна недела за секого. На големите шоуа можат да присуствуваат само поканети гости, а ние сакавме да етаблираме нешто на кое познати дизајнери ќе ги претстават своите колекции. Но кај нас нема само публика која гледа, како на ’Bread and Butter’, туку може и да се купува“.

180 дизајнери и берлински марки во Вединг се претставуваа на 500 метри долгата импровизирана модна улица, полна со штандови. На две големи бини имаше музичка програма, а се одржа и специјална модна ревија за која Штајнвег објаснува: „Ревијата покажува што е берлинскси стил. Фотографот Дарин Натал изборот на моделите го направи на берлинските улици. На ревијата покани да учествуваат многумина кои негуваат сопствен, оригинален и посебен стил. Така професионалните модели им отстапија место на обичните граѓани на престолнината...“

Дизајнерката Паула ИмихФотографија: DW

Секој што се најде на бината беше свој по сите нешта, а топ дизајнерот од Минхен Марсел Остертаг чија колекција за 2010 беше претставена и на пистите на Темпелхоф, но и на саемот Премиеум коментира дека во Берлин е се’ дозволено. И тоа е еден тренд, човек да може да носи многу комбинации и мешавина од стилови. Никаде не е како во Берлин.

Јохана Шафаршик од Хамбург која стои зад марката „Comtesse de la Haye“ е воодушевена од идејата, креаторите да се сретнат со оние кои ги носат нивните креации. Кажува дека за неа е битен контактот со муштериите. Реакциите кои ги добива се битни за развивањето на нејзините колекцијата за наредната сезона. „Суво злато вредат контактите со купувачите и луѓето од Вединг“, вели таа.

Шарени бои на Gabriel & SchwanФотографија: DW

Gabriel & Schwan е марката која ја создале Алекс Габриел и Финке Шван: модерни чанти во јаки бои, со многу графички елементи. Алекс смета дека манифестацијата е можност да се сретнат клиентите, да се продаде она што останало од старите колекции и да се претстават новите работи. Паула Имих, создавач на марката „Presque Fini“ на прашањето дали според пазарот неделава беше екстра или вообичаена е категорична, дека дефинитивно е поразлична од вообичаените денови. По многу нешта, но и по заработувачката. Меѓу оние што заминаа од Вединг со полна ќеса нова гардероба беше и Дитер. Тој коментира дека огромен впечаток му остави разновидноста и големиот број дизајнери, што секако било многу возбудливо!

Автор: Силвера Падори

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми