1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дизни отпуштa 28.000 вработени

СН/дв
30 септември 2020

Пандемијата на коронавирусот го погоди гигантот на американската забавна индустрија Дизни со полна сила. Само од април до јуни, концернот претрпе загуба од 4,7 милијарди долари. Сега следува отпуштање на многу вработени.

Disney Corona-Krise
Фотографија: Robyn Beck/AFP/Getty Images

Бидејќи бизнисот со забавни паркови, летувалишта, забавни артикли и крстарења сè уште страда од пандемија, компанијата ќе мора да отпушти околу 28,000 вработени во САД, објави империјата за забава Волт Дизни.

Одлуката беше  неопходна поради „тековните ефекти на КОВИД-19 врз нашиот бизнис“, соопшти компанијата. Покрај тоа, постои и „неизвесност за времетраењето на пандемијата“. Од вработените погодени од укинувањето на работни места, околу две третини работат со скратено работно време.

Трајно намалување на работните места во  Мики Маус-концернот

Во дописдо вработените, менаџерот Jош Дамаро ја опиша одлуката како „срцепарателна“, но со оглед на тешките околности предизвикани од корона-кризата, немало друга алтернатива.

Многу вработени се на одмор од април и продолжуваат да добиваат придонеси за здравствено осигурување. Со оглед на неизвесните деловни изгледи, бројот на вработени сега мора трајно да се намали.

Повеќе:

-Пандемијата досега остави без работа 10 милиони Американци

-Коронавирус: Два билиони долари за економијата на САД

-Корона-криза? Не за секого!

Иако повеќето атракции на Дизни сега барем делумно се повторно отворени, два од најголемите тематски паркови во Анахајм, Калифорнија сè уште немаат дозвола за работа. Менаџерот на Дизни, Д'Амаро се пожали дека „неподготвеноста“ на властите ја влошува ситуацијата.

Проблемите условени од корона-кризата веќе го донесоа Дизни во длабоки загуби. За трите први месеци од кризата, од април до крајот на јуни заагубата изнесувашед 4,7 милијарди долари (околу 4 милијарди евра), како што објави концернот во август. Приходите паднаа за 42 проценти во споредба со минатата година, на износ од 11,8 милијарди долари. Посебно страдаше бизносот со забавни паркови, одморалишта и крстарења. Прометот тука се намали за 85 проценти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми