ДИК му го врачи уверението на Иванов
2 мај 2014Реклама
Претседателот на ДИК Никола Рилкоски, иако претходно беше најавено, не му го врачи уверението на Иванов, туку тоа го стори Бедредин Ибраими.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов, на последните избори што се одржаа на 13-ти (прв круг) и 27-ми април (втор изборен круг) освои втор претседателски мандат.
Според конечните резултати на ДИК, за Иванов во вториот круг од претседателските избори гласале 534.910 избирачи (55.28%), додека неговиот противкандидат од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, освои 398.077 гласови (41.14%).
На вториот круг од претседателските избори гласале 967.694 избирачи односно 54,38 проценти од вкупно 1.779.572 запишани во Избирачкиот список.