1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

310811 Cheney Memoiren

31 август 2011

Поранешниот потпретседател на САД Дик Чејни напиша мемоари. Книгата „Во моето време“ раскажува не само за времето кога Чејни беше на функција, туку содржи и лични квалификации на луѓе од тогашната администрација.

Дик Чејни, тврдокорен и експлицитенФотографија: dpa

Се лаже оној кој мисли дека Дик Чејни со неговите 70 години и пет срцеви удари станал поблаг. Поранешниот вице-претседател во своите мемоари се презентира тврдокорно, како никогаш досега. Тоа барем го велат малкутемина новинари кои имаат добиено однапред примерок на мемоарите, напишани на 576 страници, кои излегоа од печат вчера (30.08). Во првото телевизиско интервју по повод книгата „Во моето време“, екс-потпретседателот се прикажува, како и секогаш, како бескомпромисен хардлајнер. На прашањето дали и во иднина би требало да се применуваат груби методи на сослушување, Чејни едноставно вели „Да“. „Нема жалење?“, праша репортерката на Ен-Би-Си Џејми Генгел. „Нема жалење“, одговори Чејни.

Мемоарите на Чејни излегоа од печат во САД вчераФотографија: AP

„Треба ли и натаму да применуваме ’вотербординг’ против осомничените за тероризам?“, упорна беше новинарката, а Чејни одговори: „Тоа би го советувал и натаму, доколку се работи за ’високократен’ затвореник и доколку е тоа единствениот начин тој да биде натеран да проговори.“

Вотербордингот, односно симулираното давење, според организациите за човекови права, е измачување. Гвантанамо, според Чејни, е „установа за пример“, „безбедна“ и „хумана“.

„Ќе експлодираат глави“

Изненадувачки е со колкава недвосмисленост Чејни ги критикува поранешните членови на кабинетот. Репортерката на Ен-Би-Си, Џејми Генгел, мислејќи на тие делови од книгата, на Чејни му рече: „Оваа книга ќе разбесни многу луѓе“, на што тој со тивка насмевка одговори: „Насекаде во Вашингтон ќе експлодираат глави, Џејми.“

Притоа, Чејни мисли можеби на поранешниот министер за надворешни работи Колин Пауел. Чејни критикува дека Пауел својата критика за ирачката војна ја изразил откако заминал од Белата куќа и јавно, а не додека бил во Белата куќа. Кондолиза Рајс , поранешна советничка за национална безбедност и министерка за надворешни работи, според описот на Чејни, по прашањето на Северна Кореја била „наивна и неискусна“, во други работи дури и „плачка“. За погрешните информации на тајните служби околу претпоставеното постоење на оружје за масовно уништување во Ирак, Чејни го обвинува единствено поранешниот шеф на ЦИА, Џорџ Тенет. Самата интервенција, или како што Чејни ја нарекува „ослободувањето на Ирак“, според него, е најзначајното постигнување на претседателствувањето на Џорџ Буш.

„Јас советував, тој носеше одлуки“, вели Чејни за БушФотографија: AP

Дик Чејни го бие глас дека бил најмоќниот потпретседател во поновата американска историја. На тоа Чејни скромно вели: „Давав совети, не носев одлуки. Тој носеше одлуки.“

„Тој“ е Џорџ Буш, но Чејни во книгата постојано става до знаење колкаво било неговото влијание, велат оние што веќе ги прочитале мемоарите. Самиот Чејни, во секој случај, пишува дека кога си заминувал од Белата куќа на новиот шеф на кабинет на Барак ОБама му дал, пред се‘, еден совет: „Што и да правите, осигурајте се дека го имате под контрола потпретседателот.“

Автор: Ана Енгелке / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми