1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Димитров: Преговорите со ЕУ ќе ги задржат младите во земјата

4 септември 2019

Северна Македонија очекува да добие датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ во октомври. Во спротивно балканскиот регион ќе биде обесхрабрен за реформи, вели Никола Димитров за Ројтерс.

NATO-Staaten unterzeichnen Beitrittsprotokoll mit der künftigen Republik Nordmazedonien
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Walschaerts

Во интервју за Ројтерс дадено на маргините на Форумот во Блед, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров оценува дека почетокот на преговорите со ЕУ ќе ги убедат младите луѓе да не емигрираат во потрага по „европски стил на живот“ во странство.

Откако одлуката за доделување датум за почеток на пристапните преговори беше одложена од јуни за октомври годинава, официјално Скопје очекува дека по десет позитивни препораки од Европската Комисија, тоа конечно и ќе се случи следниот месец.

„Големите прашања се решени. Доколку не се случи адекватна реализација на оваа шанса, тоа значи дека регионот нема перспектива“, вели Димитров.

„Тоа ќе испрати порака до другите лидери на Балканот дека не вреди да се инвестира политички капитал во носење тешки одлуки и реформирање“.

Димитров вели дека земјата очекува да стане полноправна членка на НАТО во декември или на почетокот на јануари следната година, во очекување на заокружување на процесот на ратификација во националните парламенти на земјите членки.

Според македонскиот МНР, странските директни инвестиции во земјата бележат силен раст по договорот со НАТО, и ќе се зголемат дополнително откако Македонија ќе започне преговори за членство со ЕУ.
Димитров не сака да прогнозира кога земјата ќе може да стане полноправна членка на ЕУ, и вели дека е поважно земјата да тргне по европскиот пат.

„Процесот е важен. Најголемата битка за нас е да ги задржиме младите дома и затоа треба да ја направиме нашата земја европска, за тие да имаат европски стил на живот дома наместо да заминуваат во странство“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми