1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Димитров: визионерски патриотизам наместо национализам

16 февруари 2018

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров соопшти дека не е планирана нова средба со грчкиот колега Никос Коѕијас во Софија. Грчкиот предлог за решавање на спорот за името се очекува во следните денови.

Griechenland Mazedonien Treffen der Außenminister in Athen
Фотографија: Reuters/C. Baltas

За време на неформалниот самит на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ во Софија, кој денеска завршува, не се планира нова билатерална средба на македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи, изјави денеска македонскиот министер Никола Димитров.
Тој вели дека грчката страна се уште работи на нејзиниот предлог за решавање на спорот за името, кој го најави министерот Никос Коѕијас, и се очекува тој да биде готов во „следните денови“.

Министрите на ЕУ вчера разговараа за иднината на земјите од Западниот Балкан и излегоа со противречни ставови. Дел од државите се противат на фиксирањето датуми за членство, како што беше наведено во Стратегијата на ЕУ. Германија, Словенија и неколку други земји се скептични дека државите од Западниот Балкан ќе можат да ги исполнат условите за членство дотогаш.
Димитров вели дека вчерашната дебата на министрите на ЕУ се одвивала без присуство на нивните колеги од Западниот Балкан. Денеска очекува таа дебата делумно да се повтори во проширен состав.
„Поскептичните земји-членки не сакаат да се врзуваат за датум. Ние од друга страна сме цврсто решение да го искористиме овој прозорец. Европа не може да биде стабилна без Балканот, како што покажа и мигрантската криза“, рече Димитров. 
Изјава на Димитров во Софија: 

Димитров: датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни

00:45

This browser does not support the video element.

На прашањето дали очекува Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ за време на бугарското претседателство, Димитров вели дека се прават големи напори да се убеди Грција да го прифати тоа.
„Тоа би бил голем повод за празнување. Правиме сѐ што можеме до јуни да има политичко решение. Правим сѐ да ја убедиме Грција да биде дел од тој консензус. Тоа би била многу добра работа за Македонија, за Бугарија и сите наши соседи, за Балканот, но и за Европа“.

Во интервју за бугарската телевизија Нова, Димитров вели дека новата влада во Македонија се обидува да го замени национализмот со визионерски патриотизам.

„Во моментов, национализмот е слаб во Македонија и ние се обидуваме да го замениме со нешто што ние го нарекуваме 'визионерски патриотизам' – каде сакаме да бидеме по 10 – 15 години“, вели Димитров.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми