1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе се обнови ли кредибилитетот на ЕУ на Балканот?

ДТЗ
23 јули 2021

Димитров смета дека под словенечкото претседателство во следните недели и месеци ќе се знае во кој правец одат работите.

Nord-Mazedonien: Nikola Dimitrov, Außenminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

„Или ќе го обновиме или ќе го изгубиме кредибилитетот на Европската Унија на Балканот. Многу се потпираме на занаетот и мудроста на нашите словенечки пријатели, за кредибилитетот да се задржи, а не да се загуби“, порача денеска вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, пред почетокот на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите- членки на Европската Унија. 

Димитров смета дека под словенечкото претседателство во следните недели и месеци ќе се достигне оваа точка на решителност. 

-повеќе на темата: Димитров: Во Европа ќе влеземе како Македонци коишто зборуваат македонски јазик

Тој вели дека е големо задоволство да се биде во Брдо во Словенија и дека ја цени поканата на словенечкото претседателство. За него има смисла земјите од регионот да бидат таму со земјите членки на Европската Унија и додаде дека го покрене и прашањето за пристапувањето и проширувањето на Унијата. 

Една од главните теми на состанокот „Кон поотпорна Европска Унија по ковид-кризата“ е и справувањето со коронавирусот. „Вирусот не знае за граници и не знае дали некоја земја е членка или пак има статус на кандидат. Дури и ако гледате географски ние сме окружени од земји членки и затоа битката треба да се води заедно со ЕУ“, изјави Димитров. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми