1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Динамично во албанскиот блок: чиј трон се тресе?

4 март 2020

ДУИ се обидува да ја намали цената на другите партии во албанскиот блок. Касами, кој е во посета на САД, најавува победничка коалиција.

Mazedonien Hauptsitz der Partei DUI in Mala Recica
Фотографија: DW/S. Toevski

Иако од ДУИ изјавуваат дека се сигурни оти ќе добијат најмногу пратенички места од партиите во албанскиот блок, и дека ќе бараат да се примени правилото за коалицирање на победник со победник, реагираат на другите партии кои исто така очекуваат и најавуваат изборна победа.

Прва на удар на нивната критика е предизборната коалиција меѓу СДСМ и Беса, и најавите на нивните партиски лидери дека очекуваат да добијат и повеќе од 61 пратеничко место. Во таа најава вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, препозна реторика што се практикувала од Никола Груевски.

„Поранешниот премиер и сегашен претседател на СДСМ, Зоран Заев, бара од гласачите 61 пратеник за да не го уценувала ДУИ. Тоа е помината реторика од времето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кога велеа дадете ни 61 пратеник за да не нѐ уценуваат Албанците“, рече Османи во гостување на ТВ „Алсат –М“, додавајќи и дека коалицијата СДСМ - Беса би можела да го загрози принципот на Бадентер. 

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, му одговори дека иднината е во мултиетничноста во земјата.

„СДСМ има пратеници и потпретседател на партијата Албанец, има министер во владата Албанец. Би било добро и ДУИ да има во своите редови министер Македонец. Споредете го ова општество со она претходно. Ова е друг пристап и тој е поздравен, тоа е иднината“, реплицираше Жерновски.

Бујар ОсманиФотографија: Reuters/A. Konstantinidis

Беса во САД, ДУИ пред таблите

Изјавата на Османи доаѓа во време кога ДУИ се пофали дека е конечно завршено преименувањето на две училишта во Чаир, враќајќи ги со тоа на сцена сите контроверзи на таа одлука којашто беше донесена на незаконски начин уште во времето на нивното коалицирање во владата на Никола Груевски.

Според реакции на социјалните мрежи, преку предизборното брзање двете училишта да добијат имиња на албански личности, ДУИ се обидува предизборно да го наметне впечатокот на „единствен заштитник на албанските интереси“, надевајќи се дека на тој начин ќе обезбеди предност пред растечката коалиција на Алијанса за Албанците и Алтернатива, но и дека ќе ја намали цената на „акциите" на Беса во предизборната коалиција со СДСМ.

Повеќе:

-„Бесата“ на Заев и Касами ја разочара ДУИ

-Ќе му ја скинеме ли главата на петелот?

-Се редат фигурите на изборната табла

И додека ДУИ ги менува таблите со имиња, претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, е во посета на САД, каде според партиски извори, треба да се сретне со помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер, и со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер. Касами во интервју за Гласот на Америка изјави дека предизборната коалиција СДСМ - Беса ќе биде победник на изборите на 12 април, и дека ДУИ конечно ќе оди во опозиција. Предизборната коалиција ја опиша како „евроатлантска“, која ќе донесе порелаксирана иднина.

„Оваа коалиција меѓу СДСМ и Беса ќе создаде поумерена клима. Ние цениме дека оваа коалиција ќе биде таа што ќе направи разлика помеѓу многу проблематично минато меѓу двете мнозински заедници, Албанците и Македонците, и иднина што ќе биде многу порелаксирачка кога ќе се зборува за прашања од заеднички интерес за двете заедници”, изјави Касами за Гласот на Америка.

Фотографија: DW/P. Stojanovski

Ако таа коалиција треба да направи разлика, како што вели Касами, во политички кругови веќе се коментира - дали оваа посета на лидерот на Беса во САД, можеби е и сигнал дека е валоризирана и разликата меѓу Беса и ДУИ, во корист на првата?

Стабилно мнозинство

Иако стравот на ДУИ, дека со мнозинство од 61 пратеник за кое се залагаат СДСМ и Беса, ќе се затвори приказната за претставувањето на волјата на албанските гласачи, тој страв, според Заев, е сосема беспредметен. Лидерот на СДСМ веќе изјави дека посакуваната победа, не значи и дека не се отворени и за постизборна коалиција, со оглед на тоа што е потребно стабилно мнозинство кое ќе работи на исполнување на сите реформски процеси и развој на економијата.

„Со 61 пратеник се формира влада, но потребно е стабилно парламентарно мнозинство заради тоа што, претстои период во кој ќе работиме дома. ЕУ и НАТО - бидна! Решени се проблемите со Грција и Бугарија. Дома сме единствени и сплотени мултиетнички. Сега треба да работиме на севкупна трансформација дома, вклучително и на сите нас како поединци во функција на наше подобрување, на зголемување на продуктивноста, одговорноста. Треба да се работи на економијата, на подобрување на животниот стандард, поголеми плати. Логично е дека по два основа треба да се бара партнер. Ние не велиме - дајте ни 61 пратеник, за да не зависиме од никој. Ние треба да зависиме од секој, дури и од идната опозиција. Зошто? Заради тоа што тоа е демократија. Логично е и втората по големина заедница, албанската, да биде видливо застапена во Парламентот, но и помалите етнички заедници - Бошњаците, Србите, Ромите, Турците...“, рече Заев.

Фотографија: picture-alliance/AP/B. Grdanoski

Во однос на опциите за постизборна коалиција, тој рече изборот ќе се темели на вредности и принципи.

„Граѓаните очекуваат партиите да се менуваат, да се подобруваат. Затоа многу чесно зборувам за работи кои се проблематични во општеството. Како што ни замерувале нам, и ние сме правеле се за да ги корегираме работите, тоа го очекуваме од партнерите во коалицијата и од идни коалиции кои би ги направиле. Не може да дозволиме дивоградби кој каде сака во Охрид, или дивоградби на Матка, не може да нема одговорност и отчетност за важните проблеми“, рече Заев.

За последните примери во кои може да се препознаат случаи поврзани со функционери на ДУИ, немаше одговор од партијата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми