1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дипломатски активности за решавање на идниот статус на Косово

4 септември 2007

Додека европскиот преставник Волфганг Ишингер престојува во Белград, рускиот претставник Александар Боцан Харченко во Москва најави почеток на директни преговори за крајот на септември.

Ишингер во БелградФотографија: DW

Директни преговори меѓу Србија и претставниците на Косовските Албанци за иднината на покраината треба да се оддржат на крајот на септември во Њујорк – рече рускиот претставник во меѓународната тројка Александара Боцан Харченко за денешното издание на рускиот дневен весник Времја Новостеј. Според Харченко двете страни, како што е планирано треба да се сретнат на 27 септември во Њујорк, каде претходно ќе се оддржи состанок на Контакт групата за Косово. Дикрентна средба ќе значи пресвртница во преговарачкиот процес рече Боцан Харченко. Рускиот дипломат, вчера пак за агенцијата Бета изјави и дека 10 декември не е крајниот рок за завршување на преговорите, а стаусот на покраината, 10 декември е крајниот рок да му се поднесе извештај на Советот за безебдност на ОН, после тоа ќе одлучува Советот, а не тројката.

Другиот член на меѓународната тројка ЕУ претставникот Волфганг Ишингер, рече дека после 10 декември мора да биде донесена одлука, за виенскиот весник Стандард, Иншингер потенцираше дека Генерланиот секретар на ОН, барал извештај, а не меѓуизвештај.

Инаку Ишингер денеска ја продолжува неформалната посета на Белград . Денеска треба да се сретне со премиерот на Србија Воислав Коштуница како и со претставници на невладините организации. Претставникот на ЕУ, вчера се сретна со српскиот претседател Борис Тадиќ и министерите за надворешни работи и за Косово и Метохија Вук Јеремиќ и Слободан Самарџиќ. Ишингер како и при посетата на Приштина, по средбите не дава изјави за јавноста. По посетата на Белград, тој заминува во Брисел на размена на мислења со Европските функционери.

Известувачот за Косово на комитетот на парламентарното собрание на Советот на Европа Лорд Расел Џонстон, вчера во Приштина пак изјави дека во својот најнов извештај ќе го предложи истото што и Марти Ахтисари – надгледувана независност, но дека поради отпорот на Русија мора да се разгледаат и алтернативни решенија „Содржината на оригиналниот извештај всушност ја има истата порака како и планот на Ахтисари, но сега имаме нова ситуација поради ставот на Русија во Советот за безбедност, кој изгледа како блокада.” рече Лорд Џонстон по средбата со шефот на УМНИК Јоаким Рикер и дополни дека сега мора да се најде пат за да се постигне напредок.

Инаку политичките лидери на косовските Албанци ја повикаа Европската унија да ја зајакне својата поддршка за нивните напори за независно Косово. Србија која има поддршка од Русија, одбива каква и да е форма на независнот и прифаќа само широка автономија на покраината.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми