Посетите на странски државни се сериозна работа. Но многу често работите земаат погрешен тек. Погрешното знаме за време на посетата на австрискиот канцелар Курц на Македонија е само еден пример за тоа. Еве и други.
Реклама
Летонско наместо австриско знаме? Ништо страшно! Гафот на протоколот на македонската влада за време на посетата на австрискиот канцелар Себастијан Курц на Скопје не најде место во нашата ранг-листа. Не затоа што не беше смешен, туку затоа што низ светот ваквите случувања се (речиси) редовна појава, а во нив главна улога имаат најмоќните светски државници. Нашата листа можете да ја погледнете во галеријата:
Дипломатски гафови: Не е само Македонија
Посетите на странски државници се сериозна работа. Но многу често работите земаат погрешен тек. Погрешното знаме за време на посетата на австрискиот канцелар Курц на Македонија е само еден пример за тоа. Еве и други
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler
Со ласкање далеку се стигнува
Позната по својот тврд пристап, германската канцеларка Ангела Меркел не делува како да е приемчива на евтино ласкање, но песната со која беше пречекана во Сенегал, сепак беше чудна: "Schöne Maid, hast du heut' für mich Zeit?" („Убаво моме, имаш ли време за мене денеска?“), лигав поп-хит. Што и да мислел неговиот протокол, на претседателот Маки Сал му се посреќи: Меркел му ја исполни желбата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler
Оставена на сонцето
Листата на гафови кои се случиле за време на странски посети е долга. Претседателот на САД Доналд Трамп и британското кралско семејство се често присутни на неа. Но што се случува кога тие ќе се судрат? Двојна неволја! Во 2018, со комбинација од лоши манири и нарушување на протоколот, Трамп ја остави кралицата да чека 12 минути на сонце и потоа брзо мина покрај неа на парадата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Monsivais
Две леви нозе
Тереза Меј е на маки дома поради Брегзит. Па можеби може да ѝ се прости што ја искористи шансата да се опушти за време на посетата на Јужна Африка. Но можеби и не. Реакциите на нејзиното играње беа брутални: британските таблоиди го исмеваа нејзиниот танц, некои нарекувајќи го и „Мејбот“.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Французите обожуваат да флертуваат...
Но дури и елегантните Французи не се имуни на гафови. Францускиот претседател Емануел Макрон изненади кога му ја опиша својата сопруга на австралискиот премиер Малколм Турнбул во мај 2018 како „вкусна“. Е тоа е утка. Во одбрана на Макрон треба да се забележи дека францускиот збор "delicieux" исто така значи и „извонредна“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Tsikas
Модното фијаско на Трудо
Најлесен начин да уништите државна посета: несоодветна гардероба. Во обид да си ја зголеми популарноста, канадскиот премиер Џастин Трудо се дотера во традиционална индиска облека во март 2018. Но обидот да искаже почит му се врати како бумеранг со вистинска бура на социјалните мрежи. Во иднина, Трудо веројатно ќе им ја остави Боливуд гардеробата на туристите.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Gill
Првата дама отиде еден допир предалеку
Пријателскиот гест на Мишел Обама, поранешната прва дама на САД, до кралицата Елизабета отиде предалеку откако таа ја стави раката врз кралското рамо во 2009. Допирањето на британскиот монарх е строго забрането, освен доколку таа самата не понуди рака и овој гест на Мишел беше сериозно кршење на протоколот кој се најде на насловните страници ширум светот.
Понекогаш треба само да се остане смирен. Во 1995-та поранешниот германски претседател Роман Херцог го стори токму при посетата на Бразил. На пречекот, оркестарот ја засвири старата источногерманска песна "Auferstanden aus Ruinen" („Воскресна од руините“) наместо германската химна - и тоа околу пет години по повторното обединување. Херцог се правеше дека тоа не му пречи.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Gerten
Внимание, микрофоните се вклучени!
За време на Г20 самитот во 2011, францускиот и американскиот претседател Никола Саркози и Барак Обама го навредуваа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во еден приватен разговор. Еден мал проблем: микрофоните им останаа вклучени. Новинари го слушнаа Саркози како вели: „Не можам да го поднесам. Тој е лажго“. Обама одговори: „Тебе ти е преку глава, а јас морам почесто да се расправам со него“.