Директен судар на возови во Холандија
22 април 2012Најмалку 120 лица се повредени во директниот судар на два патнички воза во Амстердам, што се случи синоќа, соопшти полицијата.
Нема загинати, но од повредените 13 се наоѓаат во критична состојба, 44 се полесно повредени, додека 70 имаат лесни повреди, претежно скршеници или гребнатини.
Повредените биле транспортирани до болница со хеликоптер. Некои луѓе биле извадени од вагоните со помош на кранови.
Несреќата се случила кога меѓуградски воз директно се судрил со мал локален воз „спринтер“ на мостот меѓу станицата Слотердајк и централната железничка станица на Амстердам. Се’ уште не е јасно зошто двата воза се нашле на ист колосек. Поради несреќата синоќа (21.04) беше запрен сообраќајот меѓу Амстердам и меѓународниот аеродром во овој град - Схипол.