1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од Скопје до Москва за 125 евра

ДТЗ
4 јуни 2021

Засега ќе може да се патува само во петок, но „Нордвинд” планира да воведе уште два дополнителни лета од Москва до Скопје.

Belarus | Symbolbild Beziehungen EU und Belarus
Фотографија: Leonid Faeberg/Russian Look/picture alliance

Македонските граѓани во иднина со директен лет од Скопје ќе можат да патуваат во Москва со авионска карта која чини 125 евра.  Воздухоплов од типот Боинг 737-800, со капацитет од 189 седишта, попладнево пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје со што и официјално е воспоставена директната нова редовна линија Москва – Скопје на која сообраќа руската авиокомпанија „Нордвинд ерлајнс”.

Летот трае 3 часа и 25 минути. Засега ќе може да се патува со оваа линија само еднаш неделно – во петок, но „Нордвинд” планира да воведе уште дополнителни два лета од Москва до Скопје.

-повеќе на темата: Промени на летањето со авион поради короната

„Од денес воспоставена е новата директна авио-линија, Москва – Скопје, што е прво директно поврзување меѓу двете земји после 20 години“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на официјалното пуштање во функција новата авионска линија. „Очекувам овој лет да донесе оптимизам и поголема соработка меѓу Русија и С. Македонија“, додаде Бочварски.

Тој е убеден дека директната линија Москва – Скопје ќе отвори нови перспективи меѓу двете земји. Бочварски најави дека во најскоро време и „Визер“ ќе ги врати летовите, кои што претходно беа суспендирани поради ковид-пандемијата.

Руската компанија „Нордвинд ерлајнс“ ќе лета од московскиот аеродром. Цената на авионската карта од Москва до Скопје е 106 евра, a обратно од Скопје до главниот град на Русија е 125 евра.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми